Забава
„Move on“ (Продолжи) се снима, а во Македонија доаѓа во август
Снимањето на првиот вистински патеписен филм поддржан од Дојче Телеком, со учество на публиката, започна во Ротердам, а во Македонија „Move on“ доаѓа кон средината на август.
Првиот интерактивен и патеписен филм со поддршка на Дојче Телеком, започна да се снима во Холандија под режисерката палка на Азгер Лет. Покрај ѕвездата Мадс Микелсен, главната женска улога во филмот ќе ја игра актерката од Словачка, Габриела Марцинкова.
Почнувајќи од Ротердам и Амстердам, филмската екипа ќе патува низ осум земји во Европа и ќе го сними филмот за само шест недели. Во Македонија, „Move on“ е предвидено да се снима во средината на август. Покрај Холандија и Македонија, патеписниот филм ќе се снима и во Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Габриела Марцинкова, го привлече вниманието на меѓународната филмска заедница работејќи со признаени режисери, вклучувајќи ги Нил Џордан и Фернандо Меирелес.
„Габриела е одличен дополнителен член на семејството на „Move on“. Одличниот нов креативен талент е една од клучните мотивации во срцето на овој многу посебен проект и ние сме пресреќни што една импресивна нова ѕвезда ни се приклучи на ова патување. Возбудени сме заради почнувањето на снимањето. Учеството на корисниците навистина инспирира и со нетрпение го очекуваме продолжувањето на овој пат“, изјави режисерот Асгер Лет.
„Move on“ веќе се докажа како поучен и освежувачки креативен проект за Дојче Телеком, кој ни овозможи да создадеме интеракција со нашите корисници на еден сосема нов начин. При разгледувањето на еклектичните записи кои доаѓаат, возбудливо е да се биде сведок на еволуцијата на технологијата и како таа може да ослободи една креативна соработка од вакви размери“, истакнува Волфганг Кампрартолд, заменик претседател за Меѓународни маркетинг комуникации и спонзорство во Дојче Телеком.
Тимот на „Move on“ сè уште е во процес на разгледување на сугестиите за другите клучни интерактивни елементи од продукцијата. Токму затоа, T-Home и T-Mobile ги информираат заинтересираните од Македонија дека останува уште многу малку време да се пријават и да дадат свој придонес во овој уникатен проект, предводен од вистинска холивудска екипа. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.