Забава
Тајвански министер апелира мажите да мократ седејќи
Тајванскиот министер за околина Стивен Шен ги повика сите мажи на островската држава и да го следат неговиот пример и да мократ седејќи на тоалетната шолја за тоалетите да останат чисти.
Портпаролката на тајванското министерство за екологија за AFP вели дека таквата практика ќе биде тешко да се спроведе во јавните тоалети коишто често имаат само писоари, но затоа ги повикуваат мажите тоа да го прават во сопствените домови.
Засега реакциите на машката популација на Тајван се поделени.
„Пореметени политичари, а дали министерот за екологија ќе носи фустан. Би сакал министерот Шен и претседателот Ма Јинг-јео лично на јавноста да и’ ја демонстрираат препорачаната практика“, се прашува еден од учесниците на форумот на порталот United Daily News,
Во Шведска веќе подолго време машките деца во детските градинки ги поттикнуваат да мократ седејќи, а локалната власт во покраината Сормланд го разгледува предлогот на Левичарската партија од каде што сметаат дека седењето на клозетската шолја не е само почисто и похигиенски, туку и ги намалува проблемите со простатата.
Во предлогот, покрај тоа, се додава и дека мокрењето со седење „придонесува и за подолг сексуален живот“.
Меѓутоа, политичките противници сметаат дека тој оди предалеку и дека тешко ќе може да се надгледува спроведувањето на таквиот пропис.
Овој предлог инаку е поднесен уште на 12-ти април годинава пред регионалниот совет на Сормланд кој има рок од една година да го проучи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.