Забава
Италијанците ги измешале Кофи Анан и Морган Фримен
Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, раскажа за британскиот весник Guardian како тој еднаш бил погрешно препознаен како холивудскиот актер Морган Фримен за време на одмор во Италија.
Набрзо по неговото напуштање на функцијата генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан и неговата сопруга заминале во посета на свои пријатели во вила во мало италијанско село. Сопружниците Анан се надевале дека ќе здивнат по сето медиумско внимание изминатите години и ќе уживаат во мирот и осаменоста. Сепак, не успеале да се сокријат од љубопитните погледи.
Во локалната продавница, каде што сопружниците отишле да купат весници, Анан забележал група луѓе кои се собрале во еден агол и со втренчено гледале во него.
„О не, пред нас се уште шест седмици, а нашето присуство е веќе откриено. Како ќе се справиме со тоа?“, и’ шепнал Анан на сопругата.
Меѓутоа, стравувањата се покажале неосновани, кога еден од мажите конечно одлучил да им се пријде и рекол „Морган Фримен, би можел ли да го добијам вашиот автограм“. Потоа на поранешниот генерален секретар на ОН му подал пенкало и парче хартија.
Незбунувајќи се, Анан му подарил на „фанот“ една холивудска насмевка и самоуверено напишал на парчето хартија „Морган Фримен“.
„Оттогаш кога за мене велат ‘за овој човек нема потреба од негово претставување’, јас ги предупредувам – бидете внимателни!“, се шегува во разговорот поранешниот челник на светската организација.
Кофи Анан беше генерален секретар на ОН во периодот 1996 до 2006 година. Во февруари 2012 година, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, го назначи за специјален претставник за Сирија на Обединетите нации и Арапската лига, а мандатот му истече на 31-ви август истата година.
Анан е во брак со втората сопруга, уметницата и адвокатка Нејн (Нане) Легергрен, внука на познатиот шведски дипломат Раул Валенберг. Тие немаат деца, но од првиот брак Анан има ќерка и син, а Лагергрен ќерка./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дејвид Бекам објави снимка од тренинг, луѓето пишуваат: „Не сакам мојата сопруга да го види ова“
Дејвид Бекамсе пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без кошула и ги воодушеви своите фанови. 48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од напорните тренинзи, а фановите беа привлечени од неговите стомачни мускули, но и бројните тетоважи на телото.
„Ти си како виното, со годините се подобруваш“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на фановите.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.
Забава
Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон после се
Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс за прв пат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери каде запознала две млади сестри кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.
10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе и ги даде на принцезата, на што таа одговорила да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според People.
Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.