Контакт

Забава

Дедо Мраз на пат околу светот го следи американската команда

Објавено пред

Дедо Мраз ја започна турнејата околу светот за на Божикните елки да остави дарови а во 15.30 часот по средноевропско време над Харбин во североисточна Кина.

dobivaj vesti na viber

Ова во понеделникот го соопшти Командниот штаб на северноамериканската воздушна и вселенска опрема (NORAD) којашто Дедо Мраз го следи со својот радарски систем.

До тој период, како што објави NORAD, веќе оставил повеќе милиони подароци. Дедо Мраз на турнеја тргна пет ипол часа претходно, а работата ќе заврши околу 10 часот (CET) во вторник, што е времето коешто му е потребно да го обиколи целиот свет и да го посети секое семејство.

По тргнувањето од Северниот пол, санките Дедо Мраз прво беше забележан над островите во Тијиот Океан. Потоа се упати кон Азија, од каде што ќе тргне за Блискиот исток, Европа, Африка и Северна и Јужно Америка.

Американскиот противвоздушна одбрана е многу сериозна служба задолжена за заштита на САД и Канада и рано забележување воздушни напади и лансирање нуклеарни проектили. Но како и секоја година досега од 1955 година, нејзините мочни радарски системи и сателити користат и се користат и во „вистински“ цели.

Спротивно на мистериозноста што го опкружува, NORAD дури се впушти и во објаснување на тоа како знае каде се наоѓа Дедо Мраз во секој момент. Станува збор за тоа „црвениот и сјаен нос на собот Рудолф испраќа инфрацрвени сигнали кои ги фаќаат нашите сателити и така го лоцираат“, велат од NORAD.

Ангажирањето на NORAD околу патувањето на Дедо Мраз започна во 1955 година како во рекламата на стоковната куќа „Sears, Roebuck & Co“ децата беа повикани директно да го повикаат на одреден телефонски број.

Меѓутоа, бројот во рекламата содржел и еден погрешно напишан број. Наместо приватниот телефонски број на Дедо Мраз, децата така го добиле бројот на Континенталната команда на воздушната одбрана, претходник на NОRАD.

„Секој повик на тој број обично бил од функционер, министерот за одбрана па дури и претседателот“, вели Стејки Нот, заменичка на командантот во NORAD.

Кога на Бадник вечерта ѕвонело првото дете, на должност бил полковникот Хари Шоуп. „Тенок глас на девојченце запраша ‘Дали е тоа Дедо Мраз?’, појаснува Нот. „Полковникот Шпоуп помислил дека некој се шегува со него, но веднаш поразговара со мајката на девојчето и сфатил што се случува“.

Шоуп потoа на својот персонал му наложил на радарот да провери дали има некои сигнали од Дедо Мраз, и така е родена традицијата.

Минатата 2011 година NORAD одговорил на повеќе од 102 илјади телефонски повици и 7.700 електронски пораки. Нот рече дека NORAD во таа работа се потпира на партнери и волонтери. „Имаме 1.200 волонтери кои на луѓето ќе им кажуваат каде се наоѓа во моментот Дедо Мраз“, додаде.

Но разузнавачите не биле тоа што се да не се обидоа да дознаат на кој начин Дедо Мраз воопшто успева да го обиколи целиот свет и да го посети секои дете само за 24 часа.

„Како прво, Дедо Мраз лета со брзина на ѕвездена светлина“, вели Нот, а нејзините колеги дошле до заклучок да времето за Дедо Мраз минува побавно отколку на обичните луѓе.„Неговото обиколување нам можеби ни трае 24 часа, но за Дедо Мраз може да му трае со денови, седмици, дури и со месеци“, поради тоа и може толку брзо да ги изврши својата задача, објаснуваат NORAD/крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) „Сила и нервоза“ нов сингл на „Суперхикс“ и „Фолтин“

Објавено пред

По долго крчкање, конечно излезе најновиот албум на „Суперхикс“, со наслов како и истоимениот сингл „Сила и нервоза“.

dobivaj vesti na viber

Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака. Снимен во студиото „Тра ла ла“ под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.

Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во цеде-формат. Набргу следува и винилот.

Прикажи повеќе...

Забава

Најдобрите цимери во Зодијакот: животот го прават полесен

Објавено пред

Тешко е да се најдат добри цимери. Тие често забораваат да го платат својот дел од киријата или едноставно се премногу мрзливи да го завршат својот дел од работата. Но, ако знаете кои се најдобрите цимери од Зодијакот, тогаш имате мала предност во изборот.

dobivaj vesti na viber

Најдобри цимери се оние кои се грижат за вашиот личен простор, како и за поделбата на обврските и работата. Иако секој има различна идеја за тоа што е добар цимер, постојат одредени работи кои ни се допаѓаат на сите. Обично е идеално ако не сте зависни еден од друг, а сепак кога ви треба друштво, тие се таму. Од астролошка страна, најдобри цимери се оние кои имаат чувство за правичност, што ги намалува шансите за досадни и ситни конфликти.

Најдобрите цимери во Зодијакот

Бик
Животот со Бик е лесен како ветре. Тие се многу сигурни и ја ценат удобната средина за живеење. Ова значи дека никогаш нема да остават садови неизмиени или да заборават да го платат својот дел од сметката. Биковите едноставно сакаат да ги чуваат своите убави нешта во добра состојба, па сигурно нема да најдете влажни алишта оставени во машината за перење.

Ова е знак со кој владее Венера, планетата на луксузот, па многу е можно дека со нив ќе уживате во неверојатен внатрешен дизајн. Доколку одат во шопинг, бидете сигурни дека ќе се вратат со најдобрите светилки и естетски совршени детали кои ќе се вклопат во вашиот дом.

Покрај тоа, ова е знак кој ќе избегне типични расправии со цимерите. Затоа, сигурно нема да дојдете во конфликт со нив поради намалената температура на термостатот или поради вклученото светло. Сè што треба да направите е да ја почитувате нивната рутина и да им помогнете со неколку задолженија. Наскоро ќе се чувствувате како да живеете со вашиот најдобар пријател.

Вага
Нема подобри цимери од Вагите. Ќе се потрудат да создадат пријатна средина за секого, па се позиционираат и како вистински домаќини. Ќе размислат однапред и ќе ви прават слатки услуги, како што е утринското кафе или да проверат дали ви треба нешто кога ќе одат до продавница.

Претставниците на овој знак се познати по дипломатското размислување и желбата да воспостават хармонија. Расправиите со него не траат повеќе од пет минути. Тие едноставно ќе свикаат итен состанок и ќе се погрижат да укажат на проблемот и нема да се откажат додека не се реши.

Од друга страна, немаат проблем да прифатат конструктивна критика без лутина. Ова значи дека секогаш можете да им кажете дали имате проблем со нивните навики без оглед на тоа како тие реагираат. Покрај тоа, тие се многу комуникативни и добри пријатели, па можете да сметате на нив за возбудливи забави во петок навечер.

Водолија
Доколку барате опуштени цимери кои претежно остануваат во нивната соба, тогаш Водолијата е она што ви треба. Овој воздушен знак е неверојатно опуштен и прилагодлив, па ќе ја почитува сечија потреба за личен простор.

Никогаш нема да ги фатите како ви висат над глава или проверуваат што сте направиле. Ако изгледате зафатено, ќе го препознаат и ќе ви се тргнат од патот. Од друга страна, ако барате интересно друштво, тие се повторно тука.

Исто така, нема да биде проблем ако се вратите со маче кое сте го нашле на улица или партнерот остане подолго од договореното. Нивната хуманитарна природа е таа што ќе обезбеди секој да се чувствува како дома кога е во вашиот дом.

Прикажи повеќе...

Забава

„Сила и нервоза“ – промовиран новиот албум на „Суперхикс“ во Кисела Вода

Објавено пред

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ беше промовиран новиот албум на „Суперхикс“, „Сила и нервоза”.

dobivaj vesti na viber

Денешната промоција на новиот албум е само една од низата активности што ќе се случуваат по повод 30-годишниот јубилеј на овој значаен бенд, а централната манифестација ќе биде на 29 јуни во паркот кај салата „Расадник“, каде што „Суперхикс“ со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржи голем славенички концерт.

На настанот присуствуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Чест и задоволство ми е да бидам на денешната промоција на уште еден албум од култниот бенд ‘Суперхикс’, со кој растеа и музички созреваа многу генерации. Драго ми е што Општина Кисела Вода е домаќин на нивните активности поврзани со 30-годишното музичко постоење на македонската сцена и кои, како што рече Пеце, ќе ги има во голем број во периодот што е пред нас сè до финалниот голем концерт закажан за 29 јуни во Расадник. Ќе биде убаво заеднички да се прослават двата родендени, и на ‘Суперхикс’ и на Општина Кисела Вода. Но, со деталите ќе излеземе подоцна. Засега да уживаме во новиот албум, кој, од она што досега го слушнав, многу ми се допаѓа“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на денешната промоција.

Албумот е снимен во студиото „Тра ла ла“ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на цеде-формат и на сите музички платформи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија4 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија4 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија5 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет5 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет5 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија6 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион7 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет7 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет8 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион8 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија17 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија18 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...