Контакт

Забава

Пуловерот на мијанмарска опозиционерка продаден за 35 илјади евра

Објавено пред

Шарениот пуловер кој сплела мијанмарската опозициска лидерка Аунг Сан Су Кји е продаден за повеќе од 35 илјади евра на аукција на која се собирале пари за проекти во образованието.

Зеленот-сино-црвен пуловер со ткн „В“ изрез го купила на аукцијата одржана во четвртокот навечер во Џангон приватна радио станица, а приходот од продажбата ќе биде упалтен во фондот за образование на децата, изјави Фио Мин Теин, пратеник на Националната лига за демократија (LND).

Соработниците на Аунг не можеа да се согласат кога го исплела пуловерот, па некои сметаат дека тоа се случило додека беше во домашен притвор, а други во периодот кога живееше во Велика Британија пред да се врат во Мијанмар.

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Кји во март 2011 година се врати во политичкиот живот на својата татковина а во април беше избрана за пратеничка./крај/мф/сн

Забава

Џулија Робертс објави ретка фотографија од својот сопруг со кого прослави 18 години брак

Објавено пред

Џулија Робертс објави ретка посвета на својот сопруг Дани Модер во чест на годишнината од нивната венчавка.

52-годишната добитничка на „Оскар“ објави фотографија со сопругот, со која ја одбележа 18-годишнината од нивниот брак.

View this post on Instagram

✨18 years✨ #heckyes

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on

Познатата актерка и една година помладиот снимател се запознале во 2000 година на снимањето на „Мексиканецот“, а се венчале две години подоцна.

View this post on Instagram

That pretty mama in the middle. We love you so much.

A post shared by modermoder (@modermoder) on

Тие имаат три деца – Хенри (12) и 15-годишните близнаци Финеус и Хејзел.

Двојката многу ретко споделува интимност на социјалните мрежи. Минатата година Модер објави посвета на Џулија на Денот на мајката, а пред тоа последната семејна фотографија ја сподели во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Американски политичар: Бијонсе лаже, таа е белка од Италија и се вика Ен Мари Ластраси

Објавено пред

Бијонсе (38) е една од најпопуларните и најуспешни поп-пејачки во светот, која го привлекува вниманието на јавноста, па за неа кружат разни приказни на интернет.

Не била бремена, ангажирала сурогат-мајка за да ѝ ја роди ќерката, а таа носела лажен труднички стомак, ја избелувала кожата за да биде попривлечна за публиката, но најдалеку во сето тоа отиде американскиот политичар К. В. Милер, кој се кандидира за гувернер на Флорида.

Во серијата објавувања на „Твитер“, К. В. Милер открива дека во екот на повеќенеделните протести за убиството на Џорџ Флојд, Бијонсе тврдела дека има африканско потекло.

„Лаже со години, таа не е црнкинка, таа е белка од Италија и се вика Ен Мари Ластраси“.

Милер исто така напиша дека Бијонсе го обожава Сатаната и дека тоа го открива во песната Formation.

Наводно, кога ги спомнува Алабама и Луизијана, таа всушност спомнувала две сатански цркви во овие држави, а стихот „имам лут сос во чантата“, всушност значел дека „таа во чантата чува сатански симбол“.

Прикажи повеќе...

Забава

Шери Озборн му порача на Канје Вест да не се фали за финансискиот успех на сопругата среде пандемија

Објавено пред

ТВ-sвездата Шерон Озборн го искритикува раперот Канје Вест затоа што на социјалните мрежи се фали за статусот милијардерка на сопругата Ким Кардашијан Вест среде пандемија на коронавирус, опишувајќи го неговиот став како „груб“.

Прашана за коментарите на Канје, Шерон изјави за The Talk: „Не е вистинско време да го покажете вашето богатство, но некои луѓе го прават токму тоа.

„Никогаш не ме интересирало богатството, без разлика дали има пандемија или не. Не верувам во такви приказни и не сакам кога кога луѓето самите се фалат со нивниот финансиски успех.

„Имаше време во Холивуд кога луѓето не зборуваа за тоа. Ова е едноставно грубо“.

Канје неодамна на Твитер објави дека е горд на новиот статус на својата сопруга, откако имотот ѝ беше проценет над една милијарда американски долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија10 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет11 час

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион13 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија15 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија17 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија17 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија18 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион18 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија19 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион21 час

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ21 час

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура21 час

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија21 час

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион2 дена

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион2 дена

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 дена

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет2 дена

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт2 дена

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Досие