Забава
Со гала вечер против фрлањето храна
Со собирање непродадено овошје и зеленчук кое се користи при подготвувањето на гала вечерите, две жителки на германската престолнина Берлин сакаат да ја разбудат совеста кај Германците и да ги поттикна да не ја фрлаат храната.
Секој од гостите повикани на вегетаријанската вечера во Центарот за современа уметност во космополитската берлинска населба Креуцберг ќе дарува 10 до 15 евра во фондот за помош во храната. Мрежата на гости се шири преку усно известување или на интернет страницата http://dinnerexchangeberlin.wordpress.com/.
Оваа идеја галеристката 30-годишната Сандра Теитге и една година помладата новинарка Сара Мевес, ја преземале од Лондон со која се свртува вниманието на милионите тони храна кои секоја година завршуваат на отпадите на индустријализираните земји.
„Сакаме да ги поттикнеме луѓето покреативно да постапуваат со остатоците од храната во нивните фрижидери и порационално да ги трошат своите пари“, истакнува Мевес.
Сандра Теитге, којашто потекнува од поранешната комунистичката источна Германија, не заборава дека поедини прехранбени артикли во нејзиното детство бие вистинска реткост или недостапни и затоа не го трпи фрлањето на храната.
За оваа акција биле инспирирани од документарниот филм „Taste the waste“ (Пробајте ги отпадоците) кој покажува дека енормни количества храна завршуваат на отпадите.
Во филмот се тврди дека повеќе од половина од храната завршуваат во кантите за отпадоци. Неговиот автор Валентино Турн помогна да се основа интернет страницата foodsharing.de за размена на храна на луѓето кои ја имаат премногу со оние коишто знаат како да ја употребат.
Една неодамнешна студија покажа дека просечен Германец годишно фрла храна во вредност од 235 евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.