Забава
Русија планира да испрати летало на Месечината во 2015 година
Руската вселенска агенција во вторник објави дека во 2015 година планира од својот нов космодром на далечниот исток на земјата да лансира кон Месечината вселенско летало без човечки екипаж.
Директорот на Роскосмос Владимир Поповкин изјави за руските новински агенции дека вселенското летало тешко 500 килограми ќе биде опремено со научни инструменти кои ќе трагаат по вода на Месечината и ќе земат примероци од тлото.
Поповкин рече дека ракетата ќе биде лансирана од новата руска вселенска база Восточни.
Рускиот претседател Владимир Путин порано рече дека Русија ќе инвестира милијарда долари во новиот космодром во регионот Амур, во близина со кинеската граница.
Единствената досегашна руска мисија на Месечината беше во 1973 година. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во новата сезона на „Симпсонови“ е убиен еден од важните ликови од серијата
Серијата „Симпсонови“ која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови , Лери – редовен гостин во ‘Moe’s Tavern’, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.
Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откако мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.
Потоа, четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.
Иако беше тивок лик кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во ‘Moe’s Tavern’ уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.
Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.