Забава
Парижаните ќе можат да носат панталони 200 години по забраната
Француските власти им дозволија на жителките на главниот град Париз да носат панталони без специјално одобрение од префектура на полицијата, што беше формално забрането за парижанките во периодот на Конзулството пред повеќе од 200 години, пишуваат француските медиуми.
Како што пишува дневниот весник Parisien, забраната била воведена од префектот на полицијата во Париз како одговор на пост-револуционерниот период и барањата за еднаквост на Французите. Од ноември 1800 година, секоја парижанка којашто сакала да го смени фустанот или здолништето со машка облека, морала да бара дозвола од здравствен специјалист во полициска префектура.
Според францускиот печат, според забраната којашто ги повредува правата на жените имало случаи на изведување пред суд. Дури и кон крајот од XIX век парижанките морале да аплицираат за дозвола до префектот. Такво одобрение успевале да добијат оние коишто ќе докажеле се принудени да носат машка облека поради работата, или за жените кои „поради нивната физичка сличност со мажите, на пример, брадеста жена, го привлекуваат вниманието на јавни места“.
Во јули 2012 година, сенаторот Ален Ипер изјави дека префектуралниот декрет сé уште е на сила, иако во практиката никој не го користи. Од тоа време имало уште само два цуркулара, со коишто им се дозволувало да носат панталони на велосипедистки или јавачки. Сметајќи го законот „спротивен на сегашноста“ сенаторот бараше негово укинување од новиот владин ресор – министерството за прашања за жените- да го поништи одамна застарениот норматив.
Минатиот четврток, во францускиот службен весник Journal official се појави одговорот на министерството во кој се истакнува дека декретот од пред 200 години „не е компатибилен со принципите на рамноправност на мажите и жените запишани во Уставот и европската заложба на Франција“. „Од оваа некомпатибилност произлегува поништувањето на указот од 7-ми ноември, кој е лишен од правна сила и претставува само архивски материјал“, се вели во текстот на министерството./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.
Забава
Хороскопски знак кој има најмногу среќа во животот
Астролозите тврдат дека еден знак од Зодијакот има повеќе среќа во текот на животот од сите други. Благодарение на својата природа, но и на среќниот пат на судбината, тие често успеваат да се најдат на вистинското место во вистинско време, а голема е веројатноста дека околностите во животот ќе бидат такви што сè ќе им се случи на најповолен можен начин.
Овој среќен знак се Близнаците. Нивниот хороскоп е поволен и често во текот на животот ќе забележат дека работите одеднаш тргнале на подобро и дека одеднаш биле опкружени со изненадувачки добри околности.
Кај Близнаците коегзистираат две личности и двете се водат од логиката, но секоја од нив има своја посебна логика, а како што наведуваат астролозите, токму тој „поларитет во ставовите и погледите на светот“ резултира со неверојатна среќа.
Исто така, среќата ги следи Близнаците поради нивниот оптимизам. Ниту еден друг знак не покажува таква самодоверба.
Понекогаш Близнаците се окарактеризирани и како „дволични“, бидејќи знаат совршено да балансираат меѓу двата огна, притоа секогаш следејќи ги сопствените интереси. Како и да е, слободно може да се каже дека Близнаците се тие кои ќе победат во секоја борба.
Припадниците на овој знак речиси секогаш имаат среќа во изборот на брачен партнер, делумно поради фактот што нивната вистинска љубов е искрена и трае вечно. Дури и кога се чини дека нивниот брак виси на конец, Близнаците успеваат да ги надминат проблемите, а врската се продлабочува.