Забава
Промоција на евровизиската „Пред да се раздени“ во централниот дневник на МРТ
„Пред да се раздени” е името на песната што ќе ја претставува Македонија на овогодинешниот Евросонг.
Новата песна е дело на Лазар Цветковски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма, како комплетен автор стои Симеон Атанасов.
„Направен е спој што до максимум ги извлекува вокалните можности на Есма и Лозано. Оваа песна е модерна со примеси на ромска музика по која Есма е насекаде во светот препознатлива како уметник. На овој начин се спојуваат два различни стилови во еден производ достоен за наше претставување на Евросонг. Името на Есма, нејзиниот квалитет во изведувањето на ромската музика познат во светски рамки, со одличниот вокал на извонредниот Лозаноски ќе биде одличен начин за наше претставување во Малме”, истакна Љупчо Мирковски, шеф на делегацијата за Малме од МТВ.
Овогодишниот музички натпревар за Евровизија ќе се случува во третиот град по големина во Шведска, Малме. Евровизискиот избор ќе се одржи на 14, 16 и 18 мај во мултифункционалната Арена Малме која има капацитет за 15.000 гледачи концерти и 13.000 за спортски натпревари.
На 58-то по ред издание на Еврвизија, музичките сили и гласовните способности ќе ги измерат 39 земји од Европа. Нашите претставници, Влатко Лозановски и Есма Реџепова ќе настапат на втората полуфинална вечер.
„Верувам во ‘Пред да се раздени’. Во песната максимално доаѓаат до израз моите и вокалните способности на Есма и сигурен сум дека одлично ќе ја претставиме Македонија во Шведска. Во наредниот период ќе бидеме сконцентрирани на осмислување на сценскиот настап и на нашата изведба таму”, изјавува Лозано.
„Како докажан професионалец, и познавач на правилата на ЕБУ, целосно се согласувам со одлуката на МРТ за промена на песната, што го гледам како нејзино право, кое и е овозможено со закон. Беше почитувана желбата на граѓаните на Македонија и по нивна сугестија се прифати нова песна. И мене лично многу ми значи мислењето на мојот народ, затоа што овој ист народ е заслужен што јас сум денес големо име. Песната е спој на модерното и традиционалното, по мое мислење, нешто што ќе ја запали Европа. Очекувам добар пласман и голем успех за Македонија”, вели Есма.
Македонската верзија на песната која го носи насловот „Пред да се раздени”, гледачите ќе имаат можност да ја слушнат денеска, во Дневникот, во 19:30 часот.
За прв пат во историјата на Македонската радио телевизија се направи целосна промена на евровизиската песна, а сето тоа се должи на острите критики кои ги упати македонската јавност.
Од националниот сервис тврдат дека изборот за песна треба првенствено и единстено да и припадне на широката јавност и поради тоа се одлучиле на таков драстичен чекор, комплетно променета и целосно нова песна. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.