Контакт

Забава

Плачот на бебето во текот на ноќта, виновен за третина од разводите

Објавено пред

Бессоните ноќи предизвикани од плачењето на бебето се причина за третина од разводите на сопружниците, покажа новото истражување.

dobivaj vesti na viber

Родителите со бебе имаат околу шест часа сон во текот на ноќта, што е еден час помалку од препорачаното.

Стручните лица наведуваат дека возрасен човек мора да има барем пет часа непрекинат сон за да може да функционира следниот ден.

Истражувањето спроведено меѓу 2.000 родители покажа дека 30 отсто од разводите се случиле поради плачењето на бебето во текот на ноќта.

Единаесет отсто признале дека се преправаат оти спијат за нивниот партнер да го смири бебето, додека други 11 отсто велат дека ја затворале вратата за да не го слушнат плачењето на бебето, а девет отсто од истите причини го појачувале тонот на телевизорот, пренесува Daily Mail.

Петина од испитаните навеле дека знаеле да заспијат на воланот поради недостиг на сон. Истражувањето го спровела телевизијата Channel 4.

Психолозите велат дека недостатокот на сон е поврзан со бројни потешкотии со кои луѓето се среќаваат, а неодамна едно истражување спроведено во САД покажало дека луѓето кои спијат доволно имаат многу подобри меѓучовечки односи од оние на кои им недостасува сон./крај/dm/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Принцот Хари и Меган Маркл меѓу најмалку популарните членови на кралското семејство, покажува истражување

Објавено пред

Принцот Хари и Меган Маркл се меѓу најмалку популарните членови на британското кралско семејство, според анкетата на YouGov.

dobivaj vesti na viber

Од 2.004 возрасни анкетирани, 31 отсто имале позитивно мислење за Хари, а само 26 отсто од луѓето рекле дека имаат позитивно мислење за војвотката од Сасекс.

Единствениот член на кралското семејство кој е помалку популарен од Хари и Меган е принцот Ендру, кој претходно беше поврзуван со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, пренесува британски Експрес.

Анкетата, која беше спроведена на почетокот на овој месец, покажа дека помладата генерација има ниско мислење за кралското семејство воопшто.

Според информациите, принцот Хари следниот месец ќе ја посети Велика Британија за да ги прослави „Непобедливите игри“, во кои учествуваат воени ветерани со посебни потреби.

Експрес наведува дека не е сигурно дека Меган ќе му се придружи на нејзиниот сопруг, а коментаторот Ричард Фицвилијамс рекол дека војвотката е „особено непопуларна во Британија“ и дека не го очекува нејзиното доаѓање, бидејќи последен пат ја посетила земјата за време на погребот на кралицата Елизабета II.

Популарноста на војводата и војвотката од Сасекс опадна во 2020 година, кога решија да ја напуштат Британија, а интервјуто на парот со водителката Опра Винфри и автобиографијата на Хари, во која парот наводно го нападна кралското семејство, ги направи уште помалку популарни

Прикажи повеќе...

Забава

Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата поради вештачката интелигенција

Објавено пред

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

dobivaj vesti na viber

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Сандра Булок се кае што глумеше во еден филм: И денес се срамам

Објавено пред

Многу ѕвезди ќе издвојат барем една улога за која жалат, а тоа важи и во случајот со Сандра Булок. 59-годишната актерка се појави во многубројни хитови, но во нејзината кариера има еден филм за кој жали. Како што вели, до ден-денес се срами од улогата во филмот „Брзина ​​2“.

dobivaj vesti na viber

„Отсекогаш ми беше непријатно да се појавам во ‘Брзина ​​2’. Сè уште ми е непријатно денес. Бев јасна за тоа. Заплетот нема смисла. Бродот полека се движи кон островот“, рече таа.

„Брзина ​​2“ беше објавен во 1997 година како продолжение на хитот „Брзина“ од 1994 година, во кој таа глуми со Кијану Ривс. Булок се враќа како Ени, која се обидува да ја спаси ситуацијата со своето момче (Џејсон Патрик) откога нивниот брод за крстарење е киднапиран. Ривс не се појави во продолжението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 часа

Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави...

Македонија2 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет3 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија3 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион4 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет5 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет5 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион5 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија14 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија15 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија22 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија23 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија23 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ1 ден

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...