Забава
Најскапата женска облека чини 17,6 милиони долари
Најскапата во светот женска облека – абаја (муслимански фустан наметка) во вредност од 17,6 милиони долари е направена во Дубаи, од британската дизајнерка Деби Вингам. Облеката е украсена со две илјади дијаманти, меѓу кои има и црвени, најретките и најценетите, пишува во средата весникот Al-Bayan, кој излегува во Обединетите Арапски Емирати.
Како што изјави за весникот дизајнерката Деби Вингам, абајата е традиционална одежда за жените во муслиманскиот свет. Тоа денес оосбено преовладува во земјите во Персискиот залив. Овој фустан целосно ја покрива фигурата на жената од рамениците до нозете, и има многу слободна кројка којашто ги избегнува облините на женската става. Абајата традиционално се изработува од свила или од бродерија со волнени конци, во темни бои и богато украсена со вез.
„Тоа е навистина уникатен фустан, само цената на ретките црвени дијаманти кои се користени во везовите, изнесува повеќе од осум милиони долари”, вели Венгам.
Се очекува дека најскапата во светот абаја на којашто има и два 50-каратни црни дијаманта а тежи вкупно 13 килограми, ќе биде прикажана на потенцијалните клиенти во еден хотел во Дубаи овој четврток на ревија од затворен тип, на којашто е поканета многу богата публика./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.