Забава
Елизабета II ја доби почесната награда на BAFTA за улогата на „Бондова девојка"
Британската кралица Елизабета Втора ја прими во четвртокот навечер почесната награда на Британската академија за филмска и телевизиска академија BAFTA, за нејзината поддршка на филмската индустрија како и за улогата на „највпечатливата” девојка на Џејмс Бонд”.
Актерот и режисер Кенет Брага на 86-годишната британска кралица и’ ја предаде наградата на вечерата којашто кралската двојка ја приреди ја приреди за филмските творци во дворецот Виндсор.
Кралицата е „кума” на многу здруженија кои се грижат за филмската индустрија „а неодамна и самата беше ѕвезда на Олимпискиtе игри во Лондон толкувајќи ја највпечатливата девојкa на Џејмс Бонд”, изјaви претседателот на BAFTA,. Џон Вилис пред 300 гостин, актери, режисери, сценаристи и продуценти.
Кралицата заблеска покрај Даниел Крејг, последниот засега Џејмс Бонд во кусиот филм на свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон во јули 2012 година. Во овој краткомотрежен филм единствениот текст што го изговара кралицата е „Добра вечер г-дин Бонд” со кој го дочекува тајниот агент во служба на Нејзиното височество која ја следи со хеликоптер на свеченото отворање на игрите. Сама кралицата потоа не скокна со падобран на олимпискиот стадион, туку тоа го стори фиктивната кралица, а падобранот кој над нејзе се отвори беше во боите на „Јунион Џек” (британското знаме).
Меѓу гостите на свеченоста беа и актерот Кристофер Ли, сценаристот на телевизиската серија „Downtown Abbey” Џулиан Филоус, Барбара Броколи продуцентката на најновиот филм аза Џејсм Бонд „Skyfall” од 2012 година, кој досега го постигна најголемиот финансиски успех заработувајќи во кината во Велика Британија повеќе од милијарда долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.