Контакт

Забава

Медицинската сестра на војвотката од Кембирџ во претсмртната белешка ги навела виновниците за нејзината смрт

Објавено пред

Медицинска сестра од Лондон, Џасинта Салдана во своето проштално писмо за својата смрт ги обвинила двајцата водител на австралиското радио и побарала тие да бидат обврзани да ја платат нејзината хипотека, пренесе во неделата AFP.

dobivaj vesti na viber

Двајцата водители на радио станицата 2DayFM, Мел Грејг и Мајкл Кристиан на почетокот од ланскиот декември телефонски се јавија во лондонската болница „Едвард VII” каде што беше хоспитализирана војвотката од Кембриџ, односно Кејт Мидлтон во рана бременост. Тие се претставиле како како кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора и принцот од Велс, односно принцот Чарлс, и се интересирале за здравствената состојба на Кетрин Кејт Мидлтон, која била хоспитализирана поради труење со храна. Вработената во болницата Џакинта Салдана го префрлила повикот на одделот на кој лежела војвотката, каде дежурната медицинската сестра раскажала за нејзината здравствена состојба. Два дена подоцна, Салдана беше пронајдена обесена во нејзиниот апартман при болницата, а водителите беа суспендирани од програмата.

Во своерачно напишаното проштално писмо адресирано до администрацијата на болницата, таа напишала: „Ве молам, простете ми. Јас навистина многу жалам. Ви благодарам за поддршката. Ги обвинувам за таквата постапка водителите на австралиското радио Мел Грејг и Мајкл Кристијан. Ве молам, натерајте ги да ја отплатат мојата хипотека. Простете ми. Џакинта.”

Според британските медиуми, таа оставила уште две проштални писма. Според весникот The Sunday Times, во едното од нив, Салдана пишува дека не ги обвинува своите колеги за душевните страдања кои довеле до нејзината одлука да изврши самоубиство. Во другото, според медиумите, таа навела каде би сакала да биде погребана.

На почетокот од февруари, британскиот суд соопшти дека нема да поднесе обвиненија за убиство без предумисла за двајцата австралиски радио водители./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Во Кина побарувачката за мобилни телефони на Apple значително се намали, продажбата на Huawei скокна за 70%

Објавено пред

Испораките на мобилни телефони на Apple во Кина паднаа за 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на Huawei на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на Apple на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со Huawei, чија продажба скокна за 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.

dobivaj vesti na viber

Vivo ја презеде круната на Apple како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад Honor, бренд на подостапни уреди. На четврто место е Huawei, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.

„Враќањето на Huawei на пазарот директно влијаеше на Apple во премиум сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на Apple за замена на постарите модели беше малку пригушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам во соопштението за печатот.

Во меѓувреме, Apple започна промотивни кампањи, обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање на одредени модели на iPhone до 1.300 јуани (168,29 евра).

Минатата недела Huawei ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.

Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави Huawei на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.

Во првиот квартал, кинескиот пазар на паметни телефони порасна за 1,5 отсто, продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.

Прикажи повеќе...

Забава

Прво огласување по долга пауза: Кејт Мидлтон објави фотографија на посебен ден

Објавено пред

Кејт Мидлтон на „Инстаграм“ објави фотографија од својот најмал син, принцот Луис, по повод неговиот шести роденден.

dobivaj vesti na viber

„Среќен шести роденден, принцу Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува под фотографијата.

Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според „Скај њуз“, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е монтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Прикажи повеќе...

Забава

Бракот што го потресе кралското семејство: бајката се претвори во ужас, насилство и неверства

Објавено пред

Кога 23-годишната Ен Кок се омажи за шкотскиот аристократ Колин Тенант во Норфолк на 21 април 1956 година, изгледаше како свадба од бајките, но времето покажа друга страна на приказната.

dobivaj vesti na viber

Леди Ен, ќерка на ерл од Лестер, беше богата убавица, чие семејство со генерации беше многу блиско со кралското семејство. Баба ѝ му била љубовница на Едвард VIII, татко ѝ коњушар на Џорџ VI, таа беше деверуша на крунисувањето на покојната кралица Елизабета, а подоцна и дворска дама на принцезата Маргарет.

Ен беше голема пријателка на младите принцези Маргарет и Елизабет, тие го поминаа своето детство заедно, а Колин беше наследник на баронот Гленконер и на величествениот семеен имот во Шкотска. Тој ја запозна Ен на еден од баловите.

Следуваше бракот, кој, како што е познато во британскиот двор, бил мрачен и насилен, истакнува „Дејли мејл“.

Колин, подоцна лорд Гленконер, бил физички и емоционален насилник, кој честопати беснеел поради најмала ситница. Тој исто така постојано ѝ бил неверен на Ен од самиот почеток на нивниот брак, а се шпекулира дека наводно бил и бисексуалец.

Според Ен, која сега има 91 година, Колин станал непријатен и насилен уште на првата брачна ноќ. Имено, тој се пожалил на нивниот сексуален живот и за да ја едуцира, ја испратил во париските бордели. И покрај тоа што се во брак 53 години и заедно имаат пет деца, нивниот сексуален живот, според дворјаните, никогаш не се подобрил. Во некои моменти ѝ ставал ЛСД во пијалакот за да не биде поенергична и порасположена.

Најгрдата страна на неговиот лик, според Ен, дошла до израз кога Колин го купил карипскиот остров Мустик во 1958 година. Откако потрошил голем дел од своето богатство градејќи ново село, тој се сметал себеси за крал и така се однесувал со Ен.

Како што раскажува Ен, неговата ароганција пораснала до таа мера што чувствувал веднаш физички да ги напаѓа луѓето. Ен вели дека никогаш нема да ја заборави ноемвриската ноќ во доцните 70-ти кога тие го прославувале роденденот на своите ќерки близначки.

Таа вечер Ен била во бар, дошла на роденденот и се извинила што доцнела. Колин грубо ја зграпчил, ја ставил во својот автомобил, а потоа ја удрил со стап по главата. Тогаш се исплашила дека ќе ја убие.

Потоа Ен завршила со сериозни повреди – тапанчето ѝ пукнало оставајќи ја глува на тоа уво до ден-денес.

Ен вели дека тогаш се извинил бидејќи видел што направил, следеле среќни моменти, но потоа дошле на ред љубовниците.

Таа раскажа дека разводот не доаѓал предвид бидејќи ја учеле дека бракот е нешто што е вечно.

Колин бил ужасно љубоморен. Иако со него поминувала колку што можела повеќе време, леди Ен главно живеела во Англија со децата, а тој повеќе сакал да живее на Карибите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија2 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија3 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија5 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет5 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија5 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет5 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија6 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет6 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија19 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија20 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија21 час

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија23 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...