Контакт

Забава

Златен ретривер ги „лиже" раните на Бостон

Објавено пред

На бостонскиот Копли сквер, на комеморацијата во спомен на трагично загинатите маратонци, се собраа многу луѓе. Онаму каде што неодамна стоеја полициските барикади, сега се издигаат високи бели крстови, кај кои се собираат граѓаните. Но можеби главната „атракција” на меморијалот е златниот ретривер Бејли, полноправен член на волонтерската бригада American Humane Association.

dobivaj vesti na viber

Две експлозии во интервал од 12 секунди одекнаа во Бостон на 15-ти април на целната рамнина од прочуениот меѓународен Бостонски маратон. Притоа загинаа тројца млади луѓе, меѓу кои и осумгодишно момченце, а беа ранети 264 луѓе.

„Нејзиното име е Бејли. Има 14 години. Таа е златен ретривер”, одговара на прашањата на медиумите сопственичката на песот Ејми Мекколоу.

Бејли во меѓувреме љубопитно ги набљудува минувачите. Се вели дека животните подобро од професионалните психолози можат да помогнат да се отргнат луѓето од трауматските мисли и да го олеснат стресот. Доволно е само да се мине со раката по нивното меко крзно и да се свртат мислите кон добрите работи.

Волонтерската бригада American Humane Association, во која е вклучен и ретриверот Бејли, пристигна во Бостон од Денвер – за поддршка на жителите кои го преживеа терористичкиот напад. Речиси сите нејзини четириножни припадници припаѓаат на расата златен ретривер. Дали тие се повеќе од која и да е друга кучешка раса приврзани кон човекот или, пак, самите луѓе ги претпочитаа овие долговлакнести и „деликатни” кучиња, не е познато.

Ејми ја нашла Бејли пред 11 години, откако нејзиниот сопруг ја замолил да земат пес. Тие го нашле кучето во еден од центрите за згрижување и буквално, како што вели, „ на прв поглед се вљубиле” во златниот лабрадор. Бејли и нејзината „посестри” – три мачки, останале незгрижени поради разводот на претходните сопственици.

„Никогаш претходно во животот немав домашно милениче. Јас бев многу среќна, бидејќи ја имав Бејли, и решив тоа чувство да го споделам со другите. Така таа дојде во нашето здружение”, вели Ејми којашто го минала патот од обичен волонтер до директор на програмата.

American Humane Association е најстариот волонтерски проект, формиран пред 136 години за заштита „на помалите човекови пријатели”. Движењето одамна ги мина границите на САД. Во времето на Првата светска војна волонтерите на организацијата ги спасувале повредените коњи на фронтовите на европскиот континент, а на почетокот од Втората светска војна веќе е формирана цела дивизија. Во разорената од ураганот „Катрин” во сојузната држава Луизијана им помагаа на четириножните жртви. Волонтерите на здружението, исто така, се` уште се обидуваат да им помогнат на мачките и кучињата од јапонскиот град Фукушима кои го преживеале цунамито и земјотресот од пред две години.

Во 1939 година, American Humane Association стана пошироко позната по протестите против жртвувањето на животните во уметност по снимањето на филм во кој коњи биле принудени да скокаат од висока карпа. Иронично, во Холивуд денес, еден од најжестоките поддржувачи на ова волонтерско движење е режисерот Квентин Тарантино, познат по својата „естетизација на насилството” над луѓето.

Не е така лесно некое животно да се вклучи во тимот на четириножните исцелители. Претендентите мора да минат низ ригорозни кучешки испити, да не одговараат на „закачање”, да не ги покажуваат забите и да не ‘ржат, дури и кога се влечени за ушите, да не допираат ништо туѓо и да не се впуштаат во игра.

Бејли сите тестови ги минала чесно и достоинствено, но Ејми вели дека дури и толку примерен пес има свои слабости – понекогаш многу лае кога ќе здогледа некои од најчестите протеини.

Една од првите „терапевтски” посети на Ејми и Бејли била во денверскиот центар за згрижување на ветераните од војните во Авганистан и Ирак, со психички трауми поради кои не можат да се вратат во нормалата. „Тие отворено зборуваат пред кучињата, зашто тие не ги прашуваат за минатото и за иднината”, вели Ејми.

Лабрадорот Бејли често ги посетува и своите пријатели во домовите за стари лица, често таа е нивниот единствен посетител. Во сиропиталишта во Колорадо ја знаат по името. Дури и во болниците овој златен ретривер е секогаш добредојден.

Едно кадраво црвенокосо момченце на Копли-сквер им го покажува на Копли сквер, на Бејли и Ејми им го покажува своето кадифено кученце. „Тое е мојата омилена играчка. Ја донесов за да ја оставам на споменот, и замислив желба – сите повредени од експлозијата наскоро да заздрават”, вели тоа.

Ејми одвај го воздржува солзите, а Бејли добродушно ја оближува раката на момченцето.

Уште 40 луѓе се` уште се хоспитализирани во болниците во Бостон, 14 во експлозијата ги изгубиле едната или двете нозе./крај/мф/сн

Забава

Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата

Објавено пред

Светло жолта јакна обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека изложени во поранешната британска колонија пред аукцијата закажана за јуни.

dobivaj vesti na viber

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена од четврток, пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата „секогаш кога се облекуваше и излегуваше“, рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулиенс“ со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна од нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложена е и свилена и тантелна вечерна тоалета од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветна тоалета на Кетрин Вокер што Дијана ја носеше во 1991 година.

Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала низ улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. “Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг”, вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа „Џулиен“ продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Најдобри љубовници во зодијакот: четири знаци што немаат конкуренција

Објавено пред

Дали сте љубопитни кои хороскопски знаци се огнени во креветот и маѓепсуваат со својот неодолив шарм и магнетна привлечност? Астрологијата ги открива тајните на сексуалната компатибилност.

dobivaj vesti na viber

Без разлика дали барате огнена страст или сензуална интимност, разбирањето на астролошките особини на вашиот партнер може да го однесе вашиот љубовен живот на нови височини.

Овие четири хороскопски знаци се познати по своите извонредни вештини во областа на интимноста:

1. Шкорпија

Шкорпиите се олицетворение на интензитет и страст. Со ненаситен апетит за задоволство ги оставаат без здив партнерите со своите заводливи вештини.

Нивната магнетна привлечност ги вовлекува другите во нивната мрежа на желби, каде што секој нивни допир го разгорува пламенот на страста. Во спалната соба Шкорпиите се бестрашни истражувачи, кои не се плашат да се нурнат во најдлабоките зони на интимност. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат желбите на партнерот создавајќи врска што го надминува физичкото.

2. Лав

Лавовите зрачат со самодоверба и во и надвор од спалната соба. Со својата магнетна харизма и енергија тие ги освојуваат партнерите со својот разигран и авантуристички дух. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а нивниот ентузијазам за задоволство нема граници. Во спалната соба тие зрачат со страст и креативност, а секоја средба ја претвораат во возбудлив спектакл. Со Лавовите очекувајте огномет и незаборавно искуство, кое ќе ве натера да сакате повеќе.

3. Бик

Бикот е синоним за сензуалност и уживање.

Како земјени знаци, тие се длабоко поврзани со физичкиот свет и уживаат во задоволствата што ги нуди. Бикот одлучно пристапува кон интимноста уживајќи во секој момент и препуштајќи им се на пофините работи во животот. Во спалната соба тие се внимателни љубовници, кои одвојуваат време да ја истражат секоја сензуалност и да ги исполнат желбите на партнерот. Со Бикот очекувајте фантастично искуство во креветот.

4. Вага

Вагите се мајстори за хармонија и рамнотежа. Со нивното шармантно однесување и силно чувство на емпатија тие без напор се поврзуваат со своите партнери на длабоко емотивно ниво. Во спалната соба Вагите им даваат приоритет на комуникацијата и заедничкото задоволство и создаваат безбедна и стимулативна средина за истражување. Тие се внимателни љубовници, кои секогаш се трудат да создадат чувство на хармонија и поврзаност што ја надминува физичката област.

Прикажи повеќе...

Забава

Воз во Јапонија задоцнил 17 минути

Објавено пред

Во Јапонија времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) воз доцни неколку минути, патниците веднаш добиваат формално извинување.

dobivaj vesti na viber

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот навреме пристигнал во Токио од Нагоја, но поаѓањето за Осака било привремено прекинато, а причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како се влече на подот во еден од вагоните.

Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како таа завршила во возот.

„Тешко е да се замисли дека змија ќе влезе во вагон на една од станиците. Имаме правила, кои забрануваат внесување диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, беше соопштено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Топ2 часа

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка...

Свет2 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет2 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија3 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет3 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет3 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија13 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија15 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија18 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија23 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија23 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија23 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет1 ден

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...