Контакт

Забава

Гигантската гумена патка вплови во Хонгконг

Објавено пред

Гигантската гумена патка висока 16,5 метри од четвртокот заплови во водите на пристаништето во Хонгконг.

Станува збор за уметничка инсталација на дување на холандскиот уметник Флорентијн Хофман кој со неа веќе неколку години го обиколува светот за да „шири хармонија меѓу луѓето”,

Уште првиот ден патката во хонгконшкото пристаниште дошле да ја видат илјадници жители и туристи. Хофман за американската телевизиска мрежа CNN изјави дека е одушевен од таквиот одѕив на луѓето.

Откако го започна своето патување по светот, џиновската гумена патка веќе ги посети на Осака, Сиднеј, Сао Паоло и Амстердам. Во пристаништето во Хонгконг ќе биде закотвена до 9-ти јуни кога ќе биде издувана и подготвена се селење ан нова дестинација.

Хофман вели дека следната дестинација се САД, меѓутоа по својот обичај, точната локација ќе ја држи во тајност до последниот момент.(ФОТО) /крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Адел и официјално го покажа својот нов партнер

Објавено пред

Со серија фотографии во стилот на Џеј Ло, поп-дивата Адел ја потврди врската со својот нов партнер, спортскиот агент Рич Пол.

Црно-белата фотографија која пејачката ја објави на својот инстаграм-профил го прикажува парот во елегантно издание.

Фотографијата е направена на свадбата на кошаркарската sвезда Ентони Дејвис во Лос Анџелес.

Британската ѕвезда на себе има црн фустан со бели пуф ракави преку рамената во форма на облак, а носи и големи златно-бисерни обетки. Прославениот спортски агент, кој ги претставува Леброн Џејмс, Бен Симонс и еден куп други познати спортски икони, носи класичен смокинг за настанот.

Пејачката (33) прв пат ја поврзаа со Пол (39) пред два месеца, кога двојката присуствуваше на НБА-финалето на натпреварот во Феникс.

Адел претходно беше во врска со раперот Скепт по нејзиниот развод од Симон Конецки во 2019 година. Со поранешниот сопруг имаат заедничко старателствого над нивниот осумгодишен син Енџел Адкинс.

Прикажи повеќе...

Забава

Креативноста на луѓето не познава граници: пица-фустан и други идеи

Објавено пред

Од изработка на пица-фустан до цртање јагоди на вашата коса … се чини дека на некои луѓе никогаш не им е досадно затоа што имаат креативни блесоци во мозокот. Земаат сè што им е при рака и прават вистински ремек-дела кои покажуваат генијалност.

Некои медиуми споделија интересни креации на луѓе, кои прават секојдневните предмети да заблескаат со нови форми, бои и концепти.

Невестински фустан инспириран од италијанскот специјалитет

 

Креација од ананас

Насликани јагоди на глава

Овој лавиринт е идеален за училишта

Базен насликан во стил на Ван Гог

Астро-бој семафор во Сагами, Јапонија

 

Креативна кампања покрај патот за подигање на свеста за употребата на телефони додека возите

Прикажи повеќе...

Забава

Тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна 90 години

Објавено пред

Кога живеете речиси еден век стекнувате голема збирка имот. Сепак, никогаш нема да знаеме што поседувал принцот Филип, сопругот на британската кралица, кога почина на 99-годишна возраст годинава, бидејќи содржината на неговиот тестамент ќе биде запечатена и тајна до 2111 година.

Оваа судска одлука е донесена со цел да се заштити достоинството на кралицата.

Судијата сер Ендрју Мекфарлејн, кој е претседател на одделот за семејства при Високиот суд, наведе: „Сметав дека поради уставната позиција на суверенот, соодветно е да има посебна пракса во однос на кралските тестаменти. Потребно е да се зајакне заштитата на приватните аспекти од животот на оваа ограничена група поединци, со цел да се задржи достоинството на кралицата и блиските членови на нејзиното семејство.“

Сер Ендрју, исто така, нагласи дека тој самиот не ја видел содржината на тестаментот, ниту знаел што има во него и дека прелиминарните рочишта биле оддржани зад затворени врати за да се избегне какво било медиумско внимание или шпекулации.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет8 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион9 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија13 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија15 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија15 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија17 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет17 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија1 ден

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет1 ден

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија1 ден

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија2 дена

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија2 дена

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ2 дена

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет2 дена

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет2 дена

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа2 дена

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет2 дена

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Досие