Забава
За Американците најсекси си Британците и Колумбијките
Американките и Американките во една анкета ги избраа Британците за најсексапилни мажи, а Колумбијките за најсекси жени на светот, а на листата во првите десет најпривлечни народи преовладуваат оние од Европа и Јужна Америка.
Околу 31 илјада испитанички анкетата ги ставиле Ирците на второто место, Бразилците на третото, Швеѓаните на четврто и на петто сонародниците Американци на листата најпривлечни мажи. Следуваат Шпанците, Шкотите, Французите, Грците и Порториканците. Славните машки репрезенти на овие нации коишто Американките ги потенцирале како урнеци, според соодветниот редослед се: принцот Хари, Колин Фарел, Родриго Санторо, Александар Скарсгард, Џастин Тимберлејк, Марк Консеулос, Џерард Батлер, Оливие Мартинез, Џон Стамос и Рамон Родригез.
Американците, во анкетата на интернет ресурсот Misstravel.com во која учествувале 13 илјади мажи, покрај Колумбијките кои ги сметаат за најсексапилни жени на светот, гласале и за Бразилките, на трето место се Американките, па следат Шпанките и Русинките, Холанѓанките, Французинките, Бугарките, Швеѓанките и Италијанките. За секоја од овие нации е дадена и славна личност според којашто Американците ја идентификуваат нацијата, па така се набројани по истиот редослед Шакира, Камила Алвеш, Џениферл Лоренс, Пенелопе Круз, Ана Вјалицина, Фамке Јансен, Ева Грин, Нина Добрева, Малин Акерман и Карла Бруни,
Споменатиот интернет ресурс е специјализиран инаку за пронаоѓање партнери на туристичките патувања, ги спојува богатите туристи со сиромашните, меѓутоа и со атрактивни сопатнички и сопатници.
„Ние ги спојуваме галантните туристи коишто не сакаат да патуваат сами со атрактивните сопатнички кои ја користат можноста да патуваат бесплатни”, велат од Misstravel.com./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.