Контакт

Забава

Американец го продава тајниот рецепт за Coca-Cola за 15 млн. долари

Објавено пред

Клиф Клуџ, жител на американската сојузна држава Џорџија, се обидува да го продаде за 15 милиони американски долари пронајдениот стар рецепт за газираниот пијалак Coca-Cola.

Клиф Клуџ купил една кутија со документи на познатиот хемичар од Џорџија Џон Пемберетон, авторот на рецептот. Во кутија Клуџ пронашол еден лист хартија пожолтен од времето на кој бил рецептот за подготовка на популарниот пијалак од XIX век, пишува Daily Mail.

Клуџ го постави рецептот на електронска аукција eBay, а почетната цена е 5 милиони долари. Оние коишто сакаат да го купат рецептот без наддавање, ќе мора да платат 15 милиони долари.

Новиот сопственик на рецептот поставил и фотографија од него. Највредното во документот се пропорциите за мешање на компонентите и нивните имиња, коишто делумно се ретуширани за да не се открие „тајниот рецепт”.

Претставници на компанијата „Соса-Соla Co.” изјавија дека е можно овој рецепт да е близок до оној според кој се подготвува легендарниот пијалак, меѓутоа „тој сé уште не бил вистинскиот”.

Пијалакот Coca-Cola го измислил американскиот фармацевт Џон Пембертон во 1886 година и тој останува добро чувана тајна. Се претпоставува дека оригиналниот рецепт се чува во трезор во Атланта, во сојузната држава Џорџија, и секогаш е под надзор.

Во 2011 година еден американски радио водител се обиде да ја открие „тајната на газираниот пијалак” објавувајќи ракопис со претпоставениот рецепт. Претставници на компанијата не ја коментираа таа информација.

Познато е дека компанијата повеќепати ги менуваше состојките и денешната Coca-Cola е различна од оригиналот. Уште во 1903 година од составот на пијалакот бил исклучен кокаинот. Од тогаш, наместо свежи листови кока се користат пресувани, односно без кокаин. Во 2012 година, компанијата „Coca-Cola Co.” повторно официјално го промени рецептот за пијалакот по утврдувањето дека една од неговите компоненти може да предизвика рак. Станува збор за состојката за боење на пијалакот која содржи 4-метилимидазол (4-MI)./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Вилијам и Кејт, Камила и Чарлс ќе присуствуваат на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд

Објавено пред

Кејт, војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам ќе им се придружат на принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, во редок заеднички ангажман полн со филмски ѕвезди.

Четворицата членови на кралското семејство следната недела ќе продефилираат на црвениот тепих во Ројал Алберт Хол и ќе присуствуваат на светската премиера на No Time To Die („Не е време за умирање“), новиот филм во серијалот за најпознатиот таен агент 007.

Најновиот и долгоочекуван филм  ќе дебитира во лондонскиот Ројал Алберт Хол на 28 септември.

Насловната песна за филмот ја напиша и ја пее Били Ајлиш.

На премиерата, кралското семејство ќе се сретнат со режисерот Кери Џоџи Фукунага и актерската екипа, вклучувајќи ги Даниел Крег, Рами Малек, Леа Сејду и Лашана Линч.

Исто така, ќе бидат пречекани од сценаристите Нил Пурвис, Роберт Вејд, Фиби Волер Бриџ и изведувачите Били Ајлиш и Финиес О’Конел.

Кралското присуство на премиерата на 25. филм за Бонд, а последен во кој Крег ја има улогата на тајниот агент 007, се вклопува во добротворната работа на кралското семејство.

Британската, воедно и светската премиера, всушност ќе биде од корист за добротворни организации кои ги поддржуваат поранешните и сегашните припадници на МИ5, МИ6, ГХХК и специјалните сили на Велика Британија.

Здравствените работници и припадниците на вооружените сили, исто така, се поканети да присуствуваат на ѕвездениот настан.

Кејт, принцот Вилијам и принцот Хари на премиерата на Spectre во 2015 година

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот

Објавено пред

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор што отвора врата за Џоли да го продаде својот удел во винаријата вредна 164 милиони долари, но некои медиуми предупредуваат дека неодамнешна тужба на Пит става пречки на патот.

Џоли и Пит се согласуваат со одлуката за укинување на „стандардната привремена мерка забрана за пристап“ на нивниот заеднички имот, која беше донесена во текот на бракоразводната постапка.

Ова му овозможува на поранешниот пар да продава имот стекнат во периодот на нивниот двегодишен брак, што навидум ја отвора вратата за Џоли да ги продаде своите 50% од акциите на замокот-винарница Шато Миравал во јужна Франција.

Но, претходно оваа недела Бред поднесе тужба со која ја обвини Џоли за „одмазднички план“ да ги продаде нејзините акции, заобиколувајќи го неговото право на прво одбивање и да профитира од „макотрпната работа, време и пари“ инвестирани од страна на актерот и неговите бизнис-партнери, според ексклузивните правни документи до кои дојде „Дејли мејл“.

Замокот Миравал е проценет на 164 милиони долари (140 милиони евра).

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Роџер Мичел, режисерот на „Нотинг Хил“

Објавено пред

Режисерот Роџер Мичел, најпознат по филмовите „Нотинг Хил“, „Венера“ и „Мојата братучетка Рејчел“, почина на 66-годишна возраст.

„Семејството на Роџер со голема тага ја сподели веста за смртта на режисерот, писател, татко на Хари, Меги, Роузи и Спероу“, потврди публицистот на Мичел. Причината за смртта не беше наведена.

Најпознатиот филм на Мичел, „Нотинг Хил“, романтична комедија од 1999 што ја напиша Ричард Кертис, а во која глумат Џулија Робертс и Хју Грант, имаше голем успех во светски рамки, со три номинации за „Златен глобус“.

Работеше и на филмовите „Кобно престројување“ (Changing Lanes) од 2002 година со Бен Афлек и Семјуел Џексон, потоа работеше на „Венера“ (Venus) со Питер О’Тул, и две продукции во кои глумеше Даниел Крег – Мother и Enduring Love.

Мичел преговараше за режирање на филмот за Џејмс Бонд во 2006 година, но се откажа, исто како и од филмот „Мандолинaта на капетан Корели“ поради закрепнување од срцев удар.

Роден во Јужна Африка и школуван во Кембриџ, Мичел ја започна својата кариера во театар како помошник режисер.

Ненадејната смрт на Мичел предизвика шок во филмската индустрија. Пред три недели преговараше за работа на нов документарен филм, пишува „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Регион7 часа

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа7 часа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија8 часа

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија8 часа

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија1 ден

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија1 ден

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија1 ден

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа1 ден

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа1 ден

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ1 ден

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија1 ден

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија1 ден

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет1 ден

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија1 ден

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет1 ден

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија2 дена

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет2 дена

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ2 дена

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Досие