Контакт

Забава

Жена магнет: Нишлијка привлекува предмети од метал, стакло, керамика и пластика

Објавено пред

Телото на 55-годишната Зорица Јоциќ од Долно Меѓурово кај Ниш има необична вештина да привлекува предмети од метал, стакло, керамика и пластика поради што во селото веќе ја викаат „жена магнет“.

Метални пари остануваат како залепени на нејзиното чело, иако е во стоечка положба, на градите и рацете, и покрај законот за гравитација, како приковани со некоја невидлива сила остануваат да стојат лажици, ножици, клешти, метални тепсии, но и стаклени чинии, далечински управувач, телефони, па дури и камења.

Необичната способност ја открила пред две години, сосема случајно, кога на ТВ Пинк гледала репортажа за момче од Власотинце со слични способности.

„За време на емисијата, нешто ме натера и јас да пробам на телото да ставам метални предмети, ставив лажица и се изненадив кога видов дека не паѓа. Кога на градите ја ставив пеглата, чекан и секира се исплашив“ вели Зорица која во 1984 година, по породувањето со втората ќерка, два дена била во кома.

Несекојдневната моќ директно ја поврзува со она што го доживеала по породувањето.

„Малку се занимавав со проучување на феноменот и според некои теории овие способности се поврзуваат со комата. Сите имаме некоја енергија, некој повеќе или помалку. Но кај некои луѓе кои биле во кома таа била посебно изразена. На моето тело може да ставам предмети од железо, пластика, стакло, па дури и камења. Некогаш чувствувам огромна енергија која мора да ја испразнам“, вели Зорица.

Додека го поставува мобилниот телефон на своите гради се случува еден феномен, екранот почнува да свети иако не допира ништо.

Магнетните сили се особено изразени во зоните на корените на палците, на челото, градите, стомакот и појасот на рамената.

„На почеток не верував, но кога видов како ги поставува предметите на себе го променив мислењето. Нејзиниот допир е навистина благотворен, кога ќе ме заболи заб или кога сум напнат, ги става рацете на мене неколку минути и сè ми поминува“, вели нејзиниот сопруг, Славољуб Јоциќ.

Професорот по геохемија на Природно математичкиот факултет во Ниш, Павле Премовиќ кој се занимава со проучување на овие појави и кој е во контакт со научниците во светот кои го испитуваат феноменот на привлекување вели дека најмногу ги заинтригирало тоа што Зорица има способност да го вклучи екранот на мобилниот телефон.

„Кај привлекувањето на предметите може да биде во прашање биомагнетна енергија или електростатичка енергија. Еден американски научник со кој соработувам има теорија дека луѓето кои преживеале тешки болести лачат одредени хемиски супстанци преку кожата кои буквално ги лепат работите за кожата. За да се знае за што се работи, потребно е да се направи испитување, но мене од сè што сум слушнал најмногу ме фасцинира тоа што мобилниот телефон го пали без допир“, вели Преметовиќ. /крај/блиц/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ријана ја продава вилата во Беверли Хилс – фасцинантен ентериер, но на милијардерката нешто ѝ пречи

Објавено пред

Американскиот пазар на недвижности ја прошири својата понуда за уште една импресивна вила, сопственост на пејачката Ријана, која одлучи да ја продаде за неверојатни 7,8 милиони долари.

Вилата што ја купи во 2017 година за 6,8 милиони долари се простира на површина над 660 квадратни метри со пространа градина и базен, а се наоѓа во Беверли Хилс.

Сепак, модерно уредената вила која зрачи со луксуз и удобност, се чини дека не е најсреќното решение за милијардерката. Имено, откако ја купи, вилата двапати беше цел на провалници, по што пејачката ја издаде во 2018 година за 35.000 долари месечно.

Вилата е изградена во 2015 година во современ стил со традиционални калифорниски детали – изложени дрвени греди и сводови.

Луксузниот изглед во бањата и кујната е постигнат со користење на скапи материјали на кои очигледно не се штедело.

Главната куќа има шест соби и осум бањи. Главниот апартман на горниот кат вклучува дел за одморање и камин.

Новиот сопственик ќе го дочекаат и објекти за забава, па освен што ќе ужива во гледање филм во мини киносала, ќе може да поминува време и на билијард или да вежба во вежбалница. Потоа, ќе може да се освежи во инфинити-базен.

Ако успее да ја продаде оваа вила до крајот на годината, за Ријана тоа ќе биде нејзин трет договор за недвижности во Беверли Хилс склучен во 2021 година. Во март оваа година таа купи вила вредна 13,8 милиони долари, а во април регистрираше вила на истата улица за 10 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Мадона топлес зад завеса го промовира документарниот филм

Објавено пред

Седумкратната добитничка на „Греми“, Мадона, застана топлес зад црвена завеса за да го најави рок-документарецот „Мадам икс“, чија премиера ќе се одржи на 8 октомври на „Парамаунт плус“.

Фотографијата ја сподели на својот инстаграм-профил како најава за својот  филм.

Рикардо Гомез, личниот видеограф на поп-кралицата (63), го режираше филмот за време на нејзиниот настап во Лисабон, Португалија, во рамки на концертната турнеја во периодот 2019-2020 година.

Турнејата Madame X прекина поради пандемијата на коронавирус, а Мадона беше принудена да откаже 14 концерти откако ги повреди коленото и колкот.

Музичката суперsвезда го заврши документарецот во април по седуммесечна продукција, а првпат го прикажа во специјална проекција за 12 луѓе.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вратете ми го животот: Бритни Спирс во најавата за новиот документарец

Објавено пред

Поп-ѕвездата Бритни Спирс моли за слобода од контроверзното старателство во новиот трејлер за експлозивниот документарец на Нетфликс, Britney vs. Spears („Бритни против Спирс“).

„Само си го сакам својот живот назад“, ѝ рече таа на судијката Бренда Пени од Лос Анџелес претходно оваа година во текот на телефонско сведочење. „Работев цел живот. Не им должам ништо на овие луѓе“.

Бритни е под таканаречен конзерваторски надзор веќе 13 години, а нејзиниот татко ја има контролата над сите нејзини лични и финансиски одлуки.

Бритни му рекла на својот адвокат дека таткото, Џејми Спирс, ѝ се заканил дека ќе и ги одземе децата, пренесува британски „Сан“.

Новиот документарен филм треба да биде објавен во вторник, 28 септември, ден пред главното судско рочиште, каде што ќе се бори против својот татко, Џејми, за укинување на спорното старателство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија5 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет5 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа6 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт8 часа

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет9 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија9 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет19 часа

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија21 час

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија1 ден

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија1 ден

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 ден

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија1 ден

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион1 ден

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 ден

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион1 ден

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет1 ден

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Досие