Контакт

Забава

Беспрекорен дијамант продаден за 26,7 милиони долари

Објавено пред

Совршен дијамант по потекло од Боцвана е продаден на наддавање во Женева за рекордни 26,7 милиони американски долари.

Беспрекорниот 101,73-каратен дијамант со облик на крушка го купила истоимената јувелирска компанија на Хари Винстон на наддавањето во организацијата на меѓународната аукциска куќа Christie’s.

Со постигнатата цена е соборен рекордот што го држеше 76-каратниот дијамант на надвојводата Јозеф, кој во декември минатата година беше купен за 21 милион американски долари.

Продавачот на дијамантот е American Institute of Gemology кој на компанијата „Harry Legacy“ го продаде врвниот безбоен скапоцен камен од ниво „Д“ и со најдобар степен на јасност – „беспрекорен“, што ја карактеризира неговата „апсолутна симетрија“, според Christie’s.

Дијамантот имал 236 карати кога бил ископан од рудникот Џваненг во Боцвана, пред да биде прецизно обработен и брусен што траело 21 месец.

Продажбата во средата навечер достигна највисока цена некогаш платена за беспрекорен безбоен дијамант на аукција, иако од Christie’s се надеваа дека дијамантот, најголем од ваков вид кој некогаш бил понуден на наддавање, ќе достигне цена од 30 милиони долари.

Претходната рекордна цена на аукција во оваа категорија дијаманти е постигната за облестиот дијамант Клои од 84,37 карати кој беше купен на наддавање на аукциската куќа Sotheby’s во Женева во 2007 година од основачот на „ Guess Jeans“ Џорџо Марсиано за 16, 2 милиони долари./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Канје Вест објави музичко видео за песната „24“ од новиот албум

Објавено пред

Неколку недели по официјалното објавување и три забави со слушање на новите песни, Канје Вест го објави првото музичко видео од својот нов албум „Донда“.

Видеоспотот е за нумерата „24“, а вклучува снимки направени од вториот настан на слушање на неговите песни на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта.

Видео дури прикажува и еден од најконтроверзните моменти ноќта кога Вест навидум излетува од арената.

Прикажи повеќе...

Забава

Филмски сувенири на Сталоне одат на аукција

Објавено пред

Сувенири од култните филмови на Силвестер Сталоне ќе се продаваат на аукција заедно со неговите боксерски ракавици од „Роки 3“, кои се очекуваат да достигнат цена од 20.000 долари.

Предметите ќе се продаваат во Julien’s Auctions од 5 декември.

Во четвртокот аукциската куќа со седиште во Калифорнија соопшти дека над 500 предмети од личната колекција на 75-годишната филмска sвезда ќе поминат под чеканот. Предметите што ќе се продаваат на аукцијата со наслов „Животот и кариерата на Силвестер Сталоне“ вклучуваат реквизити од филмови, костими, оригинални сценарија и други сувенири.

 

Според соопштението за медиуми, на аукцијата ќе бидат прикажани предмети од некои од најпознатите филмови на Сталоне, вклучувајќи ги и серијалите Rocky и Rambо, како и Cliffhanger, Demolition Man, The Specialist, Judge Dredd, Assassins, Escape Plan, Cop Land и The Expendables.

Прикажи повеќе...

Забава

Новооткриен цртеж на Винсент ван Гог на изложба

Објавено пред

Откриен е досега невиден цртеж на исцрпен старец, дело на Винсент ван Гог, потврди музејот посветен на уметникот.

Скицата била нацртана на почетокот на кариерата на уметникот во 1882 година, соопшти музејот „Ван Гог“ во четвртокот. Скицата се наоѓа во приватната колекција на едно холандско семејство повеќе од еден век.

Но, во четвртокот првпат беше изложена во музејот во Амстердам.

Јавноста ќе може да ја види до 2 јануари, пред да биде вратена во приватната колекција.

Малиот цртеж со молив, потпишан Vincent, прикажува постар работник облечен во елек, панталони и чизми, кој седи на дрвен стол со главата во рацете.

„Апсолутно е невозможно да се каже колку вреди“, изјави претставник на музејот „Ван Гог“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија14 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија15 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија16 часа

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија18 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија19 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија19 часа

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија20 часа

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија20 часа

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија22 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион22 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет22 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија3 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Досие