Забава
Судбоносното „да“ го кажаа 222 двојки во Белград
Вкупно 222 двојки се венчаа во сабота пред Стариот двор во Белград на манифестацијата „Свадба за мечтаење“ на којашто имаше неколку стотици гости, а настапуваа голем број на познати пејачи.
Ова е најголемото колективно венчавање во Белград во последните 15 години.
„Матичарите сега ќе ви постават едно едноставно прашање, а јас би сакал да слушнам што ќе одговорите“ рече претседателот на Организациониот одбор, Милан Кркобабиќ и рече дека ова е вистинска, типична, најголема српска свадба.
Младите синоќа се потпишале во матичната книга за венчани, а матичарките од општина Савски венец ги прашаа уште еднаш младите дали доброволно стапиле во брак.
„Го избрав овој начин на венчавка бидејќи е поинаков и ни беше баш убаво“ вели Моника Белиќ, една од невестите, препознатлива по белиот чадор кој го носела.
Гостите,кумовите и двојките се собрале веќе во девет часот пред хотелот Москва.
После тоа следувал чинот на свечено венчавање пред Собранието на градот, а потоа двојките продолжиле во ресторанот Скадарлија. На младенците им честитал и градоначалникот на Белград Драган Ѓилас.
Венчавањето е бесплатно, младите добиваат венчаници, младоженците бесплатно шишање, а потоа и можност за користење на 50 отсто попуст за накит, услуги кај фризери и козметичари, како и фотографски услуги.
Двојките дојдени од внатрешноста се сместени, еден ден пред венчавката во пет хотели. Најголем дел од двојките биле од Србија, но на венчавањето во Белград допатувале и заљубени двојки од САД, Канада, Австрија и поранешните југословенски републики.
Колективното венчавање се одржува од 1999 година, кога Тиви Мелчев ја осмислил манифестацијата како порака за љубов и пријателство, охрабрување на младите љубовта да ја победи омразата и бомбите./крај/блиц/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.