Забава
Виенскиот Life Ball со Бил Клинтон и Елтон Џон
На плоштадот пред градскиот совет на австриската престолнина Виена во саботата навечер започна најголемиот европски хуманитарен настан 21-от Life Ball 2013-та, посветена на борбата против СИДА-та.
Настанот беше отворен во присуство на голем број влијателни личности од политичкиот, културниот и економскиот живот, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон , британскиот музичар Елтон Џон, повеќе холивудски актерски ѕвезди, како оскаровката Хилари Свонк, потоа Мелани Грифит, Барбара Иден и светски познатата манекенка Каролина Куркова.
„Градот Виена ја поддржува хуманитарната приредба која претставува знак на толеранција и солидарност и е против сите облици на нетрпеливост“, нагласи виенскиот градоначалник Микаел Хаупл отворајќи го Life Ball 2013 во присуства на околу шест илјади посетители оценувајќи дека настанот претставува и „свеченост на радоста и животот која ги поврзува луѓето кои помагаат во борбата против СИДА-та“.
Во видеопораката емитувана на големите екрани во Виена, генералниот секретар на Обединетите на нации, Бан Ки-Мун, се заложи за интензивирање на напорите и настојувањата борбата против ткн „чумата на XX век“ да биде што поефикасна.
„Да се придонесе за поголема толеранција и запирањето на ширењето на СИДА-та е пораката на годинешниот бал кој се одржува под насловот ‘Илјада и една ноќ’“, рече главниот организатор на настанот, Гери Кеслер.
„Опасноста од СИДА-та не смее да се заборави, ниту да се маргинализира. Да настојуваме да создадеме иднина без СИДА“, рече сер Елтон Џон чијашто фондација „Elton John Foundation“ основана 1992 година оствари многу проекти во 5 држави низ светот вложувајќи околу 300 милиони американски долари во програмите за превенција и помош за заболените.
Наградата којашто се доделува на Life Ball – Големиот кристал на надежта кој го подарува компанијата „Swarovski“ во износ од 100 илјади евра, годинава е наменета за проектите за справување со СИДА-та во Камбоџа, Камерун и Уганда. Кулминација на вечерта беше модната ревија на дизајнерот Роберто Кавали.
Приходот од овој „најспектакуларен, најшарен и најлуд“ хуманитарен настан во Виена минатата 2012 година изнесуваше 2,1 милион евра, а организаторите се надеваат дека годинава таа сума ќе биде поголема./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.