Забава
Саудиски принц го тужи Forbes бидејќи ‘не тежи' само 20 млрд долари
Саудискиот милијардер принцот Алвалид бин Талал го тужеше пред британскиот суд за клевета финансискиот магазин Forbes кој објави дека тој поседува „само“ 20 милијарди американски долари, што е за 9,6 милијарди долари помалку, тврди принцот за The Guardian.
Принцот е внук на основачот на Саудиска Арабија и внук на кралот Абдула, а американскиот магазин кој ги рангира светските милијардери и кој на годинешнава листа го постави на 26-то место во светот го нападна како непрецизен и пристрасен, како и тенденциозен кон блискоисточните компании.
Претставник на судот во Лондон каде е поведено делото потврдил дека принцот Алвалид на 30-ти април го тужел списанието Forbes, уредникот Рандал Лејн и двајца новинари. Засега не се познати деталите од тужбата.
Принцот изјавил преку својата компанија „Kingdom Holding Company“ сопственик на голем удел „Citigroup“, „News Corp“ и „Apple“. Сопственик е или е делумно сопственик на луксузните хотели „Plazа“ во Њујорк, „Savoy“ во Лондон и „George V“ во Париз.
Годинешнава листа на светските милијардери на Forbes, на чија врв повторно се врати Бил Гејтс со 88,4 милијарди долари на место на минатогодишниот лидер Мексиканецот Карсло Слимс кој „тежи“ 82,7 милијарди американски долари, ја објави на 4-ти март, а веќе следниот ден „Kingdom Holding“ објави дека за вреднувањето се користени „неточни податоци“, како и дека изгледа оти листата е „осмислена на штетата на блискоисточните инвеститори и инвестиции“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.