Забава
Кабанг, песот херој, се врати дома
Песот од Филипини кој загуби половина од своето лице спасувајќи ги животите на две девојчиња пред налетот на мотоцикл, се врати во својот дом по седумесечното лекување во САД.
Кучката Кебанг во декември 2011 година скокна пред мотоцикл кој со полна брзина се движел кон ќерката и внуката на неговата стопанка во филипинскиот град Замбоанга. Мешанката им ги спаси животите на девојчињата, но самата тешко настрада останувајќи без муцката и половина челуст.
Кучката изминатите седум месеци беше лекувана на ветеринарниот институт во американската сојузна држава Калифорнија. Трошокот за нејзиното лекување во износ од 27 илјади американски долари е надоместен со донации од Филипини и од 45 земји од светот.
Професорот од универзитетската ветеринарна клиника Франк Верстраете, изјави дека ветеринарите со многу операции ги залечиле раните на Кебанг, но не можеле да ги реконструираат муцката и челуста. Употребиле кожа од нејзините образи, вратот и челото да ги покријат отворените рани на главата.
Филипинскиот ветеринар Антон Лим, кој кучката ка следел на патувањето до нејзиниот дом изјави дека таа станала симбол на „безусловната љубов“. „Ако на својот пес му дадете безусловна љубов, тој тоа ќе ви го возврати. Таа спаси два живота, а целиот свет заедно го спаси нејзиниот. Тоа е навистина убав симбол за сите“, изјави Лим, пренесува BBC.
На песот херој во Замбоанг во неделата му бил приреден пречек достоен на вистински херој а била огранизирана и парада во чест на кучката Кабанг./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.