Забава
Телеграма на Ленин продадена за 50 илјади фунти
Телеграма на водачот на Октомвриската советска револуција, Владимир Илич Ленин, со којашто го најавува неговото враќање од Швајцарија во Русија, во средата во Лондон е продадена на наддавање на аукциската куќа Christie’s за 49.875 фунти.
„Телеграмата на Ленин е продадена за 49.875 фунти, што е многу повисоко од нејзината првично проценета вредност од 20 до 30 илјади фунти“, изјави за РИА Новости претставник на аукциската куќа. Телеграмата беше еден од експонатите понудени на надавањето под наслов „Книги и ракописи“.
Во текстот на француски јазик во телеграмата испратена од швајцарскиот град Берн утрото на 6-ти април 1917 година адресирана до францускиот социјалист Анри Жилбо се вели „Ние утре напладне заминуваме во Германија. (Фриц) Платен ќе нé придружува во возот. Ве молиме да дојдете итно. Трошоците ќе ги покриеме ние. Земете го со вас Ромен Ролан, доколку во принцип е согласен. Сторете сé за да ги доведете (Шарл) Нен или (Арно-Пол) Грабер. Фолкхаус. Улјанов“.
Дознавајќи за Февруарската револуција во Русија, Ленин веднаш започнал да го планира своето враќање во Русија од Швајцарија. На Платен му успеало да се договори со министерството за надворешни работи на Германија да го прошверцува низ земјата во запечатен вагон, во кој освен Ленин биле и уште околу триесетина од неговите соработници. Во составот на оваа група на крајот сепак не влегле ниту Жилбо, ниту Ролан, но на 9-ти април 1917 година групата револуционери го напуштила Берн. Една седмица подоцна, Ленин пристигнал на ткн Финска железничка станица во тогашен Петроград (подоцна Ленинград, претходно и сега Санкт Петербург), а шест месеци подоцна започна Октомвриската револуција.
„Патувањето на Ленин во возот од Швајцарија, несомнено, претставува пресвртен момент во неговиот живот и решавачки момент од историјата на XX век“, вели претставникот на аукциската куќа Christie’s.
Историски документ сиве години бил чуван во семејството Жилбо. „Пред неколку години, таа (телеграмата) беше ставена на продажба во Неји-сур-Сен, каде што доби нов сопственик, кој ја продаде сега“, додал претставникот на аукциската куќа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.