Контакт

Забава

Во Лондон се отвора изложба на кралските фустани

Објавено пред

Лондонската Кенсингтон палата на 4-ти јули ќе биде просторот на кој ќе биде приредена изложба на здолништа коишто ги носеле припадничките на британските кралски семејства од кралицата Елизабета Втора преку принцезата Дајана до принцезата Маргарета.

Од повоените 1950-ти, преку бунтовните 1960 и 1970-те до екстравагантните 1980-ти, фустаните покажуваат дека секоја деценија носела свој сопствен дух и стил.

Наречена „Владеење на модата“, излиожбата на здолништата че биде дополнета со фотографии и филмски записи на кои ќе можат да се видата како британската кралица и принцезите ги покренувале модните трендови.

Меѓу експонатите ќе биде и еден од најомилените фустани на принцезата Дајана кој често го носеше последните десет години од нејзиниот живот, од син тул со сребрени ѕвезди, креација на лондонскиот дизајнер Муреј Ирбејд.

Организаторите, сепак, го издвојуваат како парче облека кој буди најсилна носталгија, фустанот кој принцезата Дајана го носела во Фиренца на вечера во 1985 година.

„Тој не е еден од најгламурозните, но го претставува она што беа 1980-те години: електрично сино-црн фустан со ѕвезди нагласени раменици, спуштен струк, набрано здолниште и огромни машни од страните“, вели кустосот Кејси Дејвид-Стродер.

Секоја од трите споменати три жени имала поинаков стил кој не го одразувал периодот во кој живееле, туку и положбата што ја имале во монархијата.

На пример, балските фустани на кралицата Елизабета од 1950-те се многу романтични и женствени, и со бледи тонови за да ја издвојуваат на фотографиите коишто во тоа време биле на правени на црно-бел филм.

Фустаните, пак, на помладата сестра на британската кралица, принцезата Маргарета, посилно ги одразуваат модните трендови.

Кога станува збор за принцезата Дајана, пак, многумина признаваат дека со својот начин на облекување го свртила вниманието на британската модна сцена./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Меѓународниот ден на шефовите годинава е в сабота

Објавено пред

И шефовите имаат свој ден – средината на октомври е резервирана да уживаат во зголемена наклонетост на своите вработени.

Овој специфичен ден првпат беше воведен во 1958 година за да се воспостави подобар однос меѓу вработените и нивните надредени. И денес оваа проблематика е актуелна – затоа и се истакнува како преку соработка и тимска работа на шефовите и вработените создаваме пријатна работна атмосфера.

Ако не го правиме тоа во текот на годината, Меѓународниот ден на шефовите, 16 октомври, може да биде добра можност да размислите за вашите шефови и можеби да ги наградите – со симболичен подарок или само ракување.

Бидејќи Денот на шефот оваа година паѓа в сабота, идеално време е да размислите како утре да го изненадите вашиот шеф или ако сте самовработени – самите себе.

Денот беше инициран од секретарката Патриша Бајс Хароски, која го регистрира во американската стопанска комора во 1958 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Гвинет Палтроу претстави нов вибратор во морнарски стил

Објавено пред

Гвинет Палтроу го привлече вниманието како актерка, но тоа ѝ успева и како претприемач. Нејзината лајфстајл-компанија Goop често предизвикува интерес кај јавноста поради интересните совети за велнес и животен стил, а понекогаш и крајно невообичаени производи.

Таа изненади многумина со презентацијата на нов вибратор во морнарски стил, кој гарантира полесен и многу повозбудлив начин да се стигне до целта.

Новата секс-играчка што ја лансира компанијата на Гвинет Палтроу им ветува на жените лесен пат до задоволство до кое може да отпловат со наутичка тематика. Имено, компанијата во голем стил го претстави новиот вибратор специјално дизајниран да ја стимулира Г-точката и да го зголеми задоволството.

На една фотографија може да се види монтажа, на која предимензиониран вибратор се потпира на ограда на брод, а доаѓа во бела и темносина боја со златен детаљ.

Ваквото претставување на новиот вибратор на инстаграм-профилот на познатата актерка поттикна дискусија, а многу жени следачи ја прифатија играта и продолжија да се шегуваат на сметка на ова помагало.

Некои истакнаа дека играчката личи на анимираниот лик Марџ Симпсон, други ја поврзуваа со филмот „Титаник“, а некои коментираа дека ги потсетува на бумеранг. Имаше и такви што напишаа дека му се восхитуваат на „капетанот“ на бродот.

Прикажи повеќе...

Забава

Бонд-девојка! Бела Хадид позира за колекцијата 007 на Мајкл Корс

Објавено пред

Бела Хадид оваа есен донесе многу заводлива кампања.

Во четвртокот беше откриено дека Мајкл Корс, кој неодамна лансира ексклузивна капсула-колекција инспирирана од Џејмс Бонд, ја избрал 25-годишната сестра на Џиџи Хадид за заштитно лице на новата колекција костими за капење „Мајкл Корс 007“.

Хадид глуми секси Бонд-девојка додека рекламира едноделни и дводелни костими за капење од новата линија, што се совпаѓа со објавувањето на филмот No Time To Die со Даниел Крег, Леа Сејду и Ана де Армас.

„Ги сакам независноста и повеќестраниот карактер на секоја Бонд-девојка. Таа може да биде сè и сешто. Каде било или никаде. Класична, кул и независна“, рече Бела.

Со Хадид и Синди Бруна видеото од кампањата ги доловува интригата и неодоливоста на Бонд-тематиката. Спотот е снимен во познатиот „Оушн клаб“ на Бахамите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Од коронавирус почина 22-годишен пациент од Битола

Дваесет и двегодишен пациент од Битола е еден од починатите од коронавирус во изминатите 24 часа. Од Министерството за здравство...

Македонија4 часа

3.000 денари за глас на изборите – фатен поткупувач во Делчево

На разговор во полицијата е повикан 35-годишник од Делчево со иницијали Н.С. кој се сомничи дека дал 3.000 денари во...

Македонија4 часа

„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме“ – Maкедонија се сеќава на Тоше Проески

Македонија се сеќава на музичката ленегда, Тоше Проески кој загина пред 14 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска....

Македонија5 часа

Нови 395 случаи на заразени со ковид, починаа 14 лица

Денес се регистрирани 395 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19...

Топ7 часа

Син ја убил мајка си во Скопје

Скопјанец со нож утрово ја убил својата мајка во Аеродром. „Денеска (16.10.2021) во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници...

Македонија8 часа

Димитров: Не верувам дека Софија ќе направи отстапки за Скопје под надворешен притисок

„Ако водечките политички, а не само политички структури во Северна Македонија, не го сменат нивното однесување во билатералните односи, не...

Македонија11 час

Проблеми со гласањeто во затворите: Недостаток на паравани, затвореници ги нема на избирачки список

Доцнел почетокот на гласањето низ затворите во Македонија, поради технички проблеми. Досега е евидентирано дека во затворот „Идризово“ немало паравани...

Македонија12 часа

Уапсени четири лица во Скопје за давање изборен поткуп

Полицијата уапси четири лица кои ги гони за давање изборен поткуп. Станува збор за скопјани, кои како што тврди МВР,...

Македонија14 часа

Денеска изборен молк – гласаат затворениците, болните и лицата со Ковид-19

На полноќ заврши изборната кампања и почна изборниот молк пред Локалните избори што ќе се одржат утре. Денеска гласаат болните,...

Регион1 ден

Автобус со работници пропадна во дупка на патот во Солун

Автобус што превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун денеска пропаднал во дупка на патот, која била предизвикана од обилните...

Свет1 ден

Крај на рестрикциите – САД ги отвора границите за вакцинираните граѓани

СAД денеска објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинираните патници од 8 ноември. Одлуката означува крај на...

Топ1 ден

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет1 ден

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет1 ден

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија1 ден

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ2 дена

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија2 дена

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија2 дена

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија2 дена

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Досие