Контакт

Забава

Во трката со биковите во Памплона повреден американски турист

Објавено пред

Американски турист и уште двајца Шпанци се поведени во традиционалната трка со бикови во петокот во шпанскиот град Памплона, објавија попладнето локалните власти.

Сите тројца повредени се прободени со роговите на биковите. Дваесетгодишниот Американец се наоѓа во сериозна состојба како и 31-годишниот маж од источна Шпанија, додека вториот Шпанец минал со помали повреди.

На Американецот, чие име не е соопштено, морала да му биде отстранета слезенката, а Шпанецот има тешки повреди кај препоните, колената и колковите.

Повредени се во петокот уште четворица учесници на трката меѓу кои уште еден Американец на возраст од 48 години.

Во текот на оваа екстремна традиционална забава, биковите трасата долга 848,6 метри од кулата до градскиот амфитеатар во Памплона го претчуваат за само околу три минути, а настанот директно е пренесуван преку телевизиската мрежа а го следеат милиони гледачи.

Секоја година со повреди завршуваат меѓу 200 до 300 учесници на трката, меѓу кои три отсто потешко. Повеќето се повредуваат при пад, а некои завршуваат под копитата на говедата или биковите ги набодуваат на своите рогови, и покрај зголемените мерки за безбедност.

Во 2009 година 27-годишен Шпанец загина откако бик со рогот му го прободен вратот, срцето и градите пред мноштвото туристи.

Фестивалот на свети Фермин трае од 7-ми до 14-ти јули, а покрај секојдневните трки со биковите се одбележува и со концерти, настапи на фолклорни групи, верски процесии и деноноќни дружења по локалите.

За традиционалната трка со биковите „енсеро“ организаторите обично избираат силни бикови, кои мора да ја минат специјално одредената патека и да дојдат до арената каде што во вечерните часови се одржуваат традиционалните борби со бикови. Вообичаено, трките траат помалку од три минути.

Заедничкото трчање на биковите и луѓето често завршуваат со повреда, потешки ранувања па дури и смртни случаи. Биковите ги газат бавните „спортисти“ при што можат да ги задушат а се случуваат и тешки повреди нанесени со роговите на животните. Во 1924 година, за време на „енсерото“ во Памплона, загинаа 15 лица, додека последниот фатален случај беше забележан во 2009 година.

„Енсерото“ и „коридата“ (борбата со бикови) се традиција која не се одржува само во Памплона, туку и во повеќето градови од Шпанија за време на локалните прослави. Но Памплона ја доби светската слава, најмногу благодарение на Ернест Хемингвеј, кој за неа пишуваше со одушевување во неговиот познат роман „Фиеста“ („И сонцето изгрева“).

Пред неколку години во една од трките во годинешнава серија од „енсеро“ зема учество и правнукот на славниот писател, 50-годишниот Џон Хемингвеј.

Шпанската национална телевизија (TVE1) секој ден во живо врши преноси од памплонското „енсеро“ како и од борбите со бикови, проследени со коментар од страна на експерти и поранешни учесници.

Празнувањето вклучува, покрај традиционалните „енсеро“ и „корида“и многу други настани – концерти, натпревари, детски матинеа, улични атракции и голем огномет. Баровите и рестораните се отвори деноноќно и за овие девет празнични денови остваруваат колку речиси и целиот годишен приход./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Меѓународниот ден на шефовите годинава е в сабота

Објавено пред

И шефовите имаат свој ден – средината на октомври е резервирана да уживаат во зголемена наклонетост на своите вработени.

Овој специфичен ден првпат беше воведен во 1958 година за да се воспостави подобар однос меѓу вработените и нивните надредени. И денес оваа проблематика е актуелна – затоа и се истакнува како преку соработка и тимска работа на шефовите и вработените создаваме пријатна работна атмосфера.

Ако не го правиме тоа во текот на годината, Меѓународниот ден на шефовите, 16 октомври, може да биде добра можност да размислите за вашите шефови и можеби да ги наградите – со симболичен подарок или само ракување.

Бидејќи Денот на шефот оваа година паѓа в сабота, идеално време е да размислите како утре да го изненадите вашиот шеф или ако сте самовработени – самите себе.

Денот беше инициран од секретарката Патриша Бајс Хароски, која го регистрира во американската стопанска комора во 1958 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Гвинет Палтроу претстави нов вибратор во морнарски стил

Објавено пред

Гвинет Палтроу го привлече вниманието како актерка, но тоа ѝ успева и како претприемач. Нејзината лајфстајл-компанија Goop често предизвикува интерес кај јавноста поради интересните совети за велнес и животен стил, а понекогаш и крајно невообичаени производи.

Таа изненади многумина со презентацијата на нов вибратор во морнарски стил, кој гарантира полесен и многу повозбудлив начин да се стигне до целта.

Новата секс-играчка што ја лансира компанијата на Гвинет Палтроу им ветува на жените лесен пат до задоволство до кое може да отпловат со наутичка тематика. Имено, компанијата во голем стил го претстави новиот вибратор специјално дизајниран да ја стимулира Г-точката и да го зголеми задоволството.

На една фотографија може да се види монтажа, на која предимензиониран вибратор се потпира на ограда на брод, а доаѓа во бела и темносина боја со златен детаљ.

Ваквото претставување на новиот вибратор на инстаграм-профилот на познатата актерка поттикна дискусија, а многу жени следачи ја прифатија играта и продолжија да се шегуваат на сметка на ова помагало.

Некои истакнаа дека играчката личи на анимираниот лик Марџ Симпсон, други ја поврзуваа со филмот „Титаник“, а некои коментираа дека ги потсетува на бумеранг. Имаше и такви што напишаа дека му се восхитуваат на „капетанот“ на бродот.

Прикажи повеќе...

Забава

Бонд-девојка! Бела Хадид позира за колекцијата 007 на Мајкл Корс

Објавено пред

Бела Хадид оваа есен донесе многу заводлива кампања.

Во четвртокот беше откриено дека Мајкл Корс, кој неодамна лансира ексклузивна капсула-колекција инспирирана од Џејмс Бонд, ја избрал 25-годишната сестра на Џиџи Хадид за заштитно лице на новата колекција костими за капење „Мајкл Корс 007“.

Хадид глуми секси Бонд-девојка додека рекламира едноделни и дводелни костими за капење од новата линија, што се совпаѓа со објавувањето на филмот No Time To Die со Даниел Крег, Леа Сејду и Ана де Армас.

„Ги сакам независноста и повеќестраниот карактер на секоја Бонд-девојка. Таа може да биде сè и сешто. Каде било или никаде. Класична, кул и независна“, рече Бела.

Со Хадид и Синди Бруна видеото од кампањата ги доловува интригата и неодоливоста на Бонд-тематиката. Спотот е снимен во познатиот „Оушн клаб“ на Бахамите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Приведено лице за давање поткуп за гласови во општина Лозово

Во општина Лозово денеска е приведено 50-годишно лице кое нудело пари на гласачи за претстојните избори. Според информациите на МВР,...

Топ4 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет5 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет5 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија8 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ11 час

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија13 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија13 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија14 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет2 дена

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион2 дена

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет2 дена

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет2 дена

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион2 дена

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Досие