Забава
Британските научници ја најдоа формулата за идеален тост со сирење
Британските научници експериментално дефинира како треба да се употребат сирењето и лебот, како да се насечат, со која должина и на какво растојание од изворот на топлината за да се подготви највкусниот тост со сирење, објави на својата страница Кралското здружени за хемија.
„Тестовите кои ги спроведовме во кујната на нашиот Хемиски центар, покажаа дека совршен тост може да се добие со загревање на скара на 50-грамско парче сирење, како на пример чеддер (популарно англиско сирење со вкус на орев, малку зачинет и со киселкаст вкус), на парче од бел леб со дебелина од 10 милиметри.Тостот со сирење мора да се наоѓа на растојание од 18 сантиметри од изворот на топлина, во нашиот случај температурата на скарата изнесуваше 115 степени Целзиусови, и неопходно е да се подготвува 4 минути, за цврстината и вкусот да бидат најдобри“, појаснува Рут Нил, од Кралското здружени за хемија во Лондон.
Рут Нил и Најџел Вајт од Британскиот совет за сирење спровеле серија експерименти со тостовите со сирење на скара, и секогаш променувале само еден параметар. Степенот на растојание на тостот од изворот на топлина тие го определиле според еднаква температура на површината на сирењето на сите површини на тостот, текстурата на сирењето и вкусот на тостот.
Во првата серија експерименти, истражувачите ја утврдиле оптималната оддалеченост на тостот од изворот на топлина. Тие откриле дека сирењето најдобро се растопува рамномерно на најголемото можно растојание од грејниот елемент и на тој начин станува највкусно и ја зачувува густината (цврстината).
Истражувачите потоа го пресметувале времетраењето потребно да се направи највкусниот тост. Тие започнале со 3,5 минути, постепено зголемувувајќи го времето на приготвување и запреле на четири минути. На крајот, тие испитувале како сирењата (станува збор за вид сирења што во македонски услови се слични на кашкавал) се топат најдобро, исечени тенко или рендани. Истражувачите потоа дефинирале и кои видови сирење и леб најдобро си одовараат.
Нил и Вајт не негираат дека нивната работа самата посебе нема научна вредност, но ја гледаат нејзината вредност во тоа што ја покажува суштината на научниот пристап кон каков и да е проблем./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.