Контакт

Забава

Зошто пиратите имаат едно покриено око?

Објавено пред

Во филмовите, приказните и на вистинските фотографии, поголемиот број пирати имаат прекриено едно око.

Многумина помислиле дека тоа е затоа што пиратите немаат едно око, но вистината е друга, тие намерно го прекриваат окото.

Џим Шиди, режисер за визуелни науки и директор на Vision Performance Институтот во Орегон, вели дека очите брзо се привикнуваат при премин од темно на светло, а студиите покажале дека се потребни до 25 минути окото да се прилагоди на преминот од светлост во темница.

Бидејќи пиратите постојано се движат од светло во мрак и обратно, едното око го држат прекриено. Тоа е навикнато на темницата и пиратот без проблем може да гледа и да се движи. Кога ќе се симне под палубата, само го преместува крпчето од едното око на другото и може лесно да гледа.

За жал, не постојат записи кој прв го вовел ова пиратско правило./крај/к/бб

Забава

Џенифер Анистон објави на „Инстаграм“ фотографија од детството

Објавено пред

Само два дена по отворањето профил на „Инстаграм“, една од најомилените актерки, Џенифер Анистон (50), со само три објави стана еден од најпопуларните корисници!

По првото селфи со комплетната екипа на „Пријатели“, со кое предизвика воодушевување, а бројот на следбеници нагло се зголемил, убавата Џeн за само три часа собрала три милиони лајка објавувајќи фотографија на која се гледа како изгледала кога била мала.

View this post on Instagram

#TBT In style, then and now…

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Актерката сакала да истакне дека и како мала била вистинска дама, а истиот стил продолжила да го негува и во зрели години.

„Со стил, некогаш и сега…“, напишала новата корисничка на „Инстаграм“, која доби многу комплименти од следбениците.

Џенифер досега има повеќе од 12 милиони следбеници на „Инстаграм“.

Прикажи повеќе...

Забава

Оливија Њутн Џон ја продава гардеробата од „Брилијантин“

Објавено пред

Актерката и пејачка Оливија Њутн Џон (71), најпозната по улогата во филмот „Брилијантин“, ќе продаде на аукција речиси 500 свои работи и предмети вклучувајќи ги и познатите црни панталони од завршната сцена на познатиот филм.

На аукцијата ќе биде понудена и розовата јакна што ја носеше во филмот, како и црната кожена јакна, која исто така ја носеше во последната сцена на филмот.

Целиот приход од продадените предмети ќе биде даден во добротворни цели, пренесува ТВНЗ.

Познатата актерка се бори со карцином на дојката, кој првпат ѝ беше дијагностициран во 1992 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Тивко и без помпа, Радосав се качил на авион и отишол да ѝ донира бубрег на својата другарка

Објавено пред

Директорот на аеродромот во Тиват, Раде Мариќ, на „Фејсбук“ објави исклучително хуман гест на Радосав Ѓуровиќ кој на својата другарка ѝ донирал бубрег.

Lijepe priče iz naše Crne Gore – SVAKA ČAST za humanost! 🙏🙏❤❤❤

Posted by Kolektiv.me on Четврток, 17 октомври 2019

„Тивко и без никакво медиумско внимание, Ѓуровиќ отпатува за Истанбул и ѝ донираше бубрег на својата другарка. Единствено внимание што му беше дадено при нивното враќање беше помошта од колегите од аеродромот во Подгорица и мојата маленкост, за да можат да ги завршат аеродромските процедури малку побрзо бидејќи се уште беа нежни од операцијата. Ако тоа беше превоз на некој локален или меѓународен „кримос“, речиси од од почеток до крај ќе имавме медиа ВИП третман“, напиша Мариќ на „Фејсбук“, пренесува cdm.me

Тој додаде: „Вака останува таа неуништлива, безвременска човечка доблест дека, колку и да не се гледаат границите на злото, само една човечка добрина и благородност го исполнува целиот универзум со љубов кон која ниту едно зло не може да стори ништо.“

„Секоја чест и почит за овој благороден подарок“, напиша Мариќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Европа12 часа

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од...

Македонија13 часа

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура13 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија13 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија14 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија15 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа16 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија17 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија17 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија17 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија18 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа20 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ21 час

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет22 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет22 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа23 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет1 ден

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Досие