Контакт

Забава

Неверството најмала причина за развод

Објавено пред

Истражувањето спроведено на пет милиони британски случаи на развод покажало интересен тренд.

Истражувачите дошле до заклучок дека неверството е се помала причина за развод, а приматот го презело `неразумното однесување` на еден од партнерите.

Истражувањето се спроведувало од 70-ите години на минатиот век, а покажало дека разведените луѓе се помалку како причина за тоа го наведуваат неверството

Така во 70-ите, 29 отсто од разводите се случиле поради неверство, а денеска неверството е причина за развод во само 15 отсто од случаите.

`Модерните` двојки` најчесто за причина за разводот го наведуваат `неразумното однесување` на партнерот, и тоа во дури 47 отсто од случаите.

Некои примери на `неразумно однесување` го вклучуваат и `асоцијалниот маж кој се обидува да и наметне вина на жената кога таа сака да излезе со пријателките`, пишува Гардијан.

Ова не е прво такво истражување. Во август годинава, едно истражување откри дека двојките почесто се разделуваат по летниот одмор на децата, како и оние кои повеќе се расправаат за финансиите./крај/г/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Том Хенкс во преговори за филмската верзија на Пинокио

Објавено пред

Том Хенкс е во рана фаза на преговори за претстојната фотореална анимација на Дизниевиот Пинокио, објави „Варајати“ во четвртокот. Разговорите очигледно се однесуваат на ликот Џепето.

Порталот додава дека Роберт Земекис ќе го режира проектот. Тој претходно работел со Хенкс на „Форест Гамп“, „Изгнаник“ и „Полар експрес“.

Хенкс неодамна глумеше командант во драмата за Втората светска војна „Грејхаунд“, која сега се емитува на „Епл ТВ“. Тој исто така е подготвен да го прикаже полковникот Том Паркер во претстојниот филм-биографија за Елвис Присли. Ова е филмот што го снимаше во Австралија на почетокот од оваа година, кога тој и сопругата Рита Вилсон беа тестирани позитивни на коронавирус.

Пиникио е уште еден од цртаните на Дизни што ќе добие филмска верзија по „Аладин“, „Убавицата и ѕверот“, и „Кралот лав“. Дизни прави римејк во форма на фотореална анимација на најпопуларните анимирани филмови од својата продукција.

Прикажи повеќе...

Забава

Орландо Блум има ново хоби во карантин – лего коцки

Објавено пред

Кога ќе се најдете себеси заглавени дома подолг временски период без никакви работни обврски, обично најдобра идеја за некаква акција е ново хоби, било да е тоа печење или шиење.

За актерот од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, се чини дека новото хоби е играта која многумина ги потсетува на нивното детство, ЛЕГО коцки.

Во неодамнешната епизода на ноќното шоу на Џими Фалон, The Tonight Show, Блум ја откри својата нова карантинска активност и рече дека всушност многу се забавува во заедничката активност со неговиот деветгодишен син Флин.

Прикажи повеќе...

Забава

Вил Смит ќе продуцира драмска верзија на „Принцот од Бел Ер“

Објавено пред

Актерот Вил Смит со својата продукциска компанија „Вестбрук студиос“ ќе работи заедно со „Јуниверзал ТВ“ на римејк на иконската серија „Принцот од Бел Ер“.

Проектот „Бел Ер“ е драма и наводно се наоѓа во фаза на развој повеќе од една година, а Смит ќе биде косценарист со оригиналните продуценти Бени Медина и Квинси Џоунс.

ТВ-серијата „Принцот од Бел Ер“, која траеше шест сезони од 1990 до 1996 година, неодамна беше додадена на понудата на американската стрим-платформа „Ејч-би-о мaкс“.

Римејкот е инспириран од трејлер, направен од еден фан на серијата, а кој постигна голема гледаност на „Јутјуб“ во 2019. На Вил многу му се допаднал трејлерот и решил да направи филм драма, помрачна верзија на оригиналната комедија.

„Дедлајн“ објави дека за новиот проект заинтересирани се најпознатите стриминг-платформи „Нетфликс“, „Пикок“, „Ејч-би-о макс“, „Амазон прајм“ и „Епл“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија1 час

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 час

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет2 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет2 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет5 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет13 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет14 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа15 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија16 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија17 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ18 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија18 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија20 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија21 час

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија21 час

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија22 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија22 часа

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија23 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие