Забава
Хелсинки е најчесен град на светот

Во потрага за најчесен град на светот направен е експеримент во 16 градови на четири континенти. `Загубени` се 192 паричници, а граѓаните од тие градови покажуваат колку се (не)чесни.
Парковите, тротоарите, трговските центри се идеални за губење паричници, а тоа го инсценираа репортерите од Reader’s Digesta во 16 светски градови.
Во паричниците имало 50 долари, картички за на работа, семејна фотографија, купони и број на мобилен телефон. Вратени се вкупно 47 отсто од паричниците, што значи светот на пола чесен.
„Ако пронајдете пари, не може автоматски да се претпостави дека му припаѓаат на богат човек“, вели Урсула Смист, една од оние кои го вратиле паричникот во Лондон. „Тоа можеби се последните пари на некоја мајка да го прехрани семејството“, вели Смист, по потекло од Полска.
16. Лисбон, ПортугалијаГолема срамота е кога од 12 загубени паричници, само двојка туристи од Холандија ќе врати еден од нив.
15. Мадрид, ШпанијаТие вратиле само два од 12 загубени паричници. Ни ним не им е многу до вистинската работа, но се подобри од граѓаните на Лисабон.
14. Прага, Чешка Популарната туристичка дестинација е град каде треба да внимавате на паричниикот. Само четири од 12 се вратени, а останатите `добиле нозе`.
Од 13 до 11 место се Цирих, Швајцарија, Рио де Женеиро, Бразил и Букурешт, Романија, каде се вратени исто по четири паричници.
10. Варшава, Полска
Вратени се пет од 12 загубени паричници, а преостанатите седум `ги здиплиле` жени.
9. Лондон, Велика БританијаИ Лондон е ист како Варшава, со пет вратени.
8.Љубљана, СловенијаСловенците се половично чесни, па вратиле 6 од 12. „Родителите ме учеа дека чесноста е важна“, вели Манца Смолеј (21).
7. Берлин, ГерманијаИ Германците се половина чесни со шест вратени паричници и шест задржани.
6. Амстердам, ХоландијаТука стигнавме до оние градови кои се повеќе чесни, па така граѓаните на Амстердам вратиле седум, а задржале пет паричници.
5. Москва, РусијаБез разлика што мислите за Москва и веројатно би ја ставиле на дното на оваа листа, сепак таму се вратени седум од 12.
4.Њујорк,САДИ граѓаните на Големото јаболко се чесни, па вратиле осум паричници.
3. Будимпешта, УнгаријаИ Унгарците вратиле осум од 12 загубени паричници.
2. Мумбај, ИндијаДевет од 12 паричници вратиле граѓаните на Мумбај, што можеби звучи изненадувачки, а потсететесе се каде е Лисабон.
1.Хелсинки, Финска„Финска, Финска, Финска, Тоа е земја во која сакам да бидам“, се стихови од една песна на „Монти пајтон“, Граѓаните на Хелсинки задржале само еден паричник, а вратиле 11. Секоја чест.„Финците се природно искрени“, вели еден од чесните Финци./крај/рд/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ова е најпопуларната верверица на „Тик-ток“

Корисник на социјалната мрежа „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како храни верверица и видеото досега собра над 280 милиони прегледи и 35 милиони лајкови.
„Сквиши, здраво, Сквиши“, може да се слушне како ја повикува верверицата, која трча кон него веднаш штом го слушне. „Наполни си ги образите, Сквиши“, ѝ вели тој на верверицата додека јаде.
„Сега знаеме кој победи на натпреварот „Чаби бани“, „Прекрасно“,„Леле, колку е слатка“, „Ги сакам тие обравчиња“, „Неверојатно е колку може да стави во својата мала уста“, „Оваа верверица го живее својот живот“, „Кажи ѝ на Сквиши дека ја сакам“, се само дел од коментарите.
@chipmunksoftiktok My beautiful Betty its time to fill the cheeks #fyp #cuteanimals #cute #chipmunks #betty ♬ original sound – Chipmunks of TikTok
Забава
Илон Маск не го купува „Манчестер јунајтед“, вели дека тоа било шега

Илон Маск појасни дека се шегувал откако на Твитер објави дека ќе го купи фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“.
Милијардерот претприемач го најави купувањето во краток твит во вторникот, иако на многумина не им беше јасно дали неговата изјава е шега.
51-годишниот Маск им твитна на своите 103 милиони следачи: „Да бидам јасен, ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!“
Тој додаде: „Исто така, го купувам Манчестер јунајтед, добредојде“.
Објавата брзо привлече големо внимание, добивајќи речиси 40.000 ретвитови и над 200.000 лајкови за неколку часа.
Ова доаѓа по тужбата на компанијата „Твитер“ против основачот на „Тесла“, откако тој се повлече од договорот вреден 44 милијарди долари за купување на платформата.
Минатата недела беше откриено дека Маск продал речиси седум милијарди долари акции во „Тесла“ пред правната битка, која треба да започне во октомври.
Забава
Мадона го прослави 64. роденден во голем стил

Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.
„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит.
„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.
Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).
Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.