Забава
Вториот 'голф7' од '7ма Брзина' ќе се вози низ Охрид
Најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија (ДЛМ) „7ма брзина“ сé повеќе добива на популарност кај нашите играчи на среќа, а со тоа расте и бројот на среќни добитници.
Најновиот во оваа убава алка среќни играчи на ДЛМ е прилепчанецот Владо Цветановски кој живее во охридското село Лескоец. Премијата која тој ја освои во Инстант лотаријата „7ма Брзина“, автомобилот „голф 7′ му беше доделена токму од среќното место каде тој ја купил грепката, продажното место на „Никофон“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје.
Владо на пат кон дома застанал да купи полнач за неговиот мобилен апарат од продажното место на Никофон. Грепките му го привлекле погледот, па се одлучил да купи и две од нив. Не ги изгребал веднаш, тоа го оставил за денот кој носи среќа како датум во неговото семејство. На 18-ти септември неговата ќеркичка Анастасија наполнила еден месец, а на овој убав датум тој ја побарал раката на својата сопруга, но и нивната свадбена веселба се случила на 18-ти септември. Токму поради ова, одлучил да провери дали овој датум ќе донесе уште еден убав настан за него и неговото семејство. На една од грепките, стрелката го покажала „голфот 7“, па сега ќе може да го управува својот нов автомобил, благодарение на симболиката на неговиот среќен датум.
Само за потсетување досега покрај двете премии автомобил „голф 7“, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија, „7ма Брзина“. Инстант лотаријата „Седма брзина“ беше лансирана на 10-тити јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со десет автомобили „голф 7“, обезбедени во соработка со „Порше Македонија“. Вкупниот број добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.