Забава
Го крстија британскиот принц Џорџ
Само 22 личности присуствувале во средата на крштевката на британскиот принц Џорџ, третиот во наследниот ред за круната, што според тамошните медиуми навестува дека неговите родители војводата и војвотката од Кембриџ, односно принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се решиле да ја чуваат приватноста на детето коешто еден ден ќе биде суверенот на Обединетото Кралство.
Војводите од Кембриџ на приватната церемонија на крштевањето на малиот Џорџ ги поканиле само најблиските роднини и кумовите.
Кралицата Елизабета Втора, нејзиниот сопруг принцот Филип, престолонаследникот Чарлс и помалиот брат на принцот Вилијам, принцот Хари биле присутни на крштевката, како и родителите и сестрата на Кетрин Мидлтон. Малиот принц го крстел надбискупот од Кантербери, Џастин Велби со вода од реката Јордан.
Иако церемонијата била одржана затворена зад јавноста во кралската капела во палатата Сент Џејмс, пред зданието се собрала маса луѓе надевајќи се дека ќе ги видат гостите на заминување.
Принцот Џорџ беше роден на 22-ри јули во Лондон, а неговото излегување од болницата со родителите беше следено преку директни преноси од милиони луѓе во светот. На крштевањето имало седум кумови, шест пријатели на Вилијам и Кејт од детството и од школувањето, како и братучетката на Вилијам Зара Филипс Тиндал, ќерката на принцезата Ана. Таквиот избор на кумовите претставува исклучок од традицијата според којашто членовите на европските кралски семејства се кумови меѓусебно.
„Ова не е државен, туку семеен настан и мислам дека принцовската двојка сака да го држи Џорџ што е можно подалеку од медиумските помпи за да можат да му пружат нормално раснење“, изјави историчарката на британската монархија, Клариса Кемпбел.
По крштевањето снимен е првиот официјален портрет на четирите генерации на британското кралско семејство по повеќе од сто години, со кралицата и тројцата нејзини директни наследници, Чарлс, Вилијам и Џорџ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.