Забава
Се ожени највисокиот човек на планетата
Највисокиот човек на планетата, државјанинот на Турција, 31-годишниот Султан Косен чиј раст во Гинисовата книга на рекордите е регистриран на 2,51 метри, се ожени со избраница од сириско потекло.
Како што пишува во понеделникот турската агенција Anadolu, свадбата се случила претходно во провинцијата Мардин, во близина на границата со Сирија.
Историјата на „турскиот џин“ започна во младешките години на Косен, откако имал малку повеќе од десет години. Тогаш кај момчето бил откриен тумор на хипофизата, што е причината за појавата на гигантизмот кај него. Лекарите го отстраниле туморот во 2008 годна, со што растот на Косен бил запрен.
Во 2010 година во Вирџинија беше извршена уште една интервенција и со лекови се контролира нивото на хормонот на растот и утврдено дека е излечен и повеќе нема да расте. Сепак, тој мора да се движи со помош на патерици, бидејќи неговата мускулатура не го следела растот на телото.
Косен, исто така, е „сопственик“ и на рекордите за најдолгите дланки и стапала на светот кои кај него изнесуваат 27,5 односно 36,5 сантиметри.
На свадбената фотографија се гледа дека очигледно невестата на џинот, Мерве Дибо, одвај му достига до лакотот со своите 17,5 сантиметри.
Косен уште во 2009 година, веднаш откако беше признат како највисок човек на планетата според Гинисовата книга на рекордите, изјави дека мечтае да основа семејство. Меѓутоа, очигледно да се најде невеста за гигантот не било лесно. „Задоволен сум што конечно најдов некој кој ме прифаќа и сака“, вели Косен. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.