Контакт

Забава

Пцовиса најгрдиот пес на светот

Објавено пред

Елвуд, пес добиен со мешање на расите чивава и кинески гол пес со кикиршка, кој со својот необичен изглед во 2007 година ја доби титулата најгрдиот пес на светот ненадејно пцовисал, објави викендов неговата сопственичка.

Беше сосема ненадејно, изјавила за локалните медиуми низ плач неговата сопственичка Карен Квиглеј од Њу Џерси којашто го вдомила Елвуд во 2006 година.

Минијатурниот пес кон беше тежок само 2,3 килограми пцовисал во четвртокот, а неговиот ветеринар верува дека станува збор за некој вид кучешки рак.

Елвуд имаше темен тен на кожата на голото тело, со исклучок на праменот со бело влакна на главата.

Квиглеј го вдоми која имал девет месеци. Откако беше прогласен за најгрдото куче на светот, Елвуд доби обожаватели ширум светот кои му испраќаа разгледници и писма. Потоа, неговата стопанка ја напиша книгата за деца „Сите го сакаат Елвуд“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Меган, војвотката од Сасекс ималa лажно киднапирање како дел од обука за кралски живот

Објавено пред

Поранешната актерка поминала интензивни подготовки за својата нова улога, откако таа и принцот Хари ја најавија нивната веридба во 2017 година, вклучително и тежок дводневен курс за  безбедност со членови на британската специјална воздушна служба (САС).

Според новата биографија „Потрага по слобода“, Меган била спакувана во задниот дел на автомобил од страна на терорист кој ја возел на неодредена локација пред да биде спасена од полицајци.

Авторите на биографијата Омид Скоби и Каролин Дуранд пишуваат дека „обуката што ја поминаа сите високи членови на кралското семејство, освен кралицата, во седиштето на САС во Херфорд е подготовка за сите безбедносни сценарија со висок ризик, вклучувајќи киднапирање, заложници и терористички напади. ”

Меган, која стапи во брак со Хари во мај 2018 година, поминала обука и во други области за да се подготви за живот во монархијата, со лекции за сè, на пример, како грациозно да излегува од автомобил или како точно да ги ословува останатите членови на кралското семејството.

Кога врската на Меган и Хари за прв пат се најде под лупа на јавноста, таа добивал совет дури и за накитот што го носи на себе. Ова се случило откако била фотографирана со златен ланец со иницијали М и Х.

Авторите пишуваат: „Два дена откако Меган беше фотографирана како купува цвеќе во нејзината вообичаена цвеќарница, носејќи го новиот ѓердан, таа доби телефонски повик од асистент во Кенсингтонската палата.

„Ѝ рекле дека носењето таков ѓердан служи само за да ги охрабри папараците да продолжат да трагаат по ваквите имиџи – и нови наслови“.

Меган и Хари сега живеат во Лос Анџелес со нивниот син Арчи откако се повлекоа од своите кралски должности на крајот на март.

Биографијата за војводата и војвотката од Сасекс, со симболичен наслов Finding Freedom („Потрага по слобода“), која најверојатно ќе биде бестселер, беше објавена на Интернет на 11 август.

Прикажи повеќе...

Забава

Амброзио повторно во лежерен и опуштен стил

Објавено пред

Кога станува збор за летен стил, супермоделот Алесандра Амброзио е кралица на лежерните изданија.

Бразилката неделава ја помина во дружби и ручеци со пријатели во Вест Холивуд, а во средата беше забележана како заминува од студио во Лос Анџелес и носи зелен пијалак во чаша за еднократна употреба.

Алесандра (39) избра жолто здолниште со раб над колената, тренди маичка и очила за сонце со златни рамки. Едноставните рамни влечки во боја на кожа одлично се вклопуваат во целиот стајлинг.

Спортски, елегантно и модерно во исто време.

Алесандра (39) е манекенка уште од тинејџерка. Таа стана ангел на „Викторија сикрет“ во 2004 година, а своите крилја ги закачи во 2017 година. Убавицата е мајка на две деца со поранешниот свршеник Џејми Мазур – ќерката Ања (11) и синот Ноа (8).
.

Последниве две години е во врска со италијанскиот бизнисмен Николо Оди.

Прикажи повеќе...

Забава

Забавата продолжува: Кајли Џенер три дена слави роденден

Објавено пред

Таа го одбележа својот 23. роденден во понеделникот и оттогаш слави.

Кајли Џенер во средата го покажа прекрасниот фустан на креативниот директор на француската модна куќа „Балмејн“, Оливие Растин, испратен за нејзиниот посебен ден.

Во една од низата објави на „Инстаграм“ во средата реалната ѕвезда позира во шарен мини фустан, креација на познатиот француски дизајнер.

Заблагодарувајќи му се на Растин за фустанот, таа во објавата напиша: „Ти благодарам, љубов моја, за најсовршениот роденденски фустан“.

Колекциите на Оливие Растин, креативен директор на француската луксузна модна куќа „Балмејн“ од 2011 година, се секогаш уникатни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија4 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ6 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија6 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија8 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија9 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија9 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија10 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија10 часа

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија10 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ11 час

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија11 час

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет13 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија13 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа13 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет13 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија14 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет1 ден

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Досие