Контакт

Забава

Во Јапонија изработен екстравагантен календар од 10 кгр злато

Објавено пред

Јапонската златарска компанија „Ginza Tanaka“ позната по екстравагантните производи, годинава изработи божикен календар Мики Маус од 10 килограми злато кој е покажан во средата во нивната главна продавница во луксузниот трговски кварт во Токио.

Цената на овој календар со димензии 129 на 87 сантиметри е 100 милиони јени или милиони американски долари. Златарницата во продажба нуди и помали календари од злато чијашто вредност достигнува 720 илјади евра.

Претходно на 18-ти ноември, по повод Божикните и Новогодишните празници изложи на продажба на новогодишната елка од чисто злато во вредност од 500 милиони јени, околу 5 милиони долари.

Како што пишуваат јапонските медиуми височината на најголемата елка од колекцијата наречена „Златна божикна елка дизни 2013“ изнесува 2,4 мети. За нејзината изработка биле употребени 43 килограми чисто злато. Главната карактеристика и скапоценост на исклучителните новогодишни украси се ликовите од цртаните филмови на Волт дизни, Мики Маус, неговата девојка Мини, Пајо Паторот, Вини Пу, и други кои летаа на балони. Секој од овие ликови е изработен рачно, а дополнително под божикното дрво се поставен златни кутии со замислени подароци.

Покрај ова ремек-дело, на купувачите им се понудени и златни елки со помали димензии, односно поевтини. Така, за 1,58 милиони јени, или 16 илјади долари, може да се купи елка од 20 сантиметри, украсена со 26 ликови од цртаните филмови. За нејзината изработка се потрошени 127 грама чисто злато и 400 грама сребро. Покрај, тоа во продавницата е изложена и сребрена копија којашто чини 4.800 долари.

Јувелирската куќа „Ginza Tanaka“ којашто постои од 1892 година претходните години изработи и златен Дедо мраз, златно пливачко одело, па дури и тоалет од Сваровски кристали. Куќата стана пошироко позната во 2011 година кога во јавноста ја претстави својата златна божикна елка со височина од 1,92 метри со цена од 2 милиона доалри. Минатата 2012 година, пак, изложена беше слична скапоцена елка со височина од 2,4 метри којашто чинеше 4,2 милиони американски долари. Дали имало заинтересирани за нејзиното купување минатата година, досега остана деловна тајна./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шпанските острови ја ограничуваат продажбата на алкохол

Објавено пред

Балеарските Острови во Шпанија забранија среќни часови и понуди на неограничени пијалаци во некои од најпопуларните туристички места, во обид да се стави крај на т.н. „пијан туризам“.

Владата на островите – во кои спаѓаат Ибица и Мајорка – во петокот објави дека ги спроведува забраните за пет години во Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

„Ние ги запираме ‘среќните часови’ и алкохолoт без ограничувања во областите кои се најпогодени од (нецивилизирано) однесување“, се вели во извештајот, тврдејќи дека ова е првата европска туристичка дестинација што го сторила тоа.

Покрај тоа, како што се намалуваат понудите што ги охрабруваат туристите да консумираат огромно количество алкохол, владата исто така забранува таканаречени „забави на брод“, како и „скокање помеѓу балкони“ во хотелите.

 

Баровите и пабовите кои нема да успеат да ги исполнат наведените услови се соочуваат со казни до 60.000 евра и затворање за најмногу три години. Во меѓувреме, на продавниците повеќе нема да им биде дозволено да продаваат алкохол по 21:30 часот навечер.

Балеарските Острови се меѓу најпопуларните туристички дестинации во Шпанија, со 13,8 милиони посетители во 2018 година, од околу 9 милиони во 2009 година. Многумина се млади луѓе од други европски нации кои се собираат на забави на острови како Ибица и Мајорка.

Прикажи повеќе...

Наука

Европа ја лансираше „Ариана Пет“ во вселената

Објавено пред

Европската вселенска агенција од Куру, Француска Гвајана, во четвртокот ја лансираше ракетата „Ариана Пет“ во вселената. Ова е прво лансирање во вселената за 2020 година, а со „Ариана Пет“ се пренесуваат два телекомуникациски сателити, Конект и ГСАТ-30, во нивните планирани трансфер орбити.

Платформата „Спејсбас Нео“ е резултат на европска соработка со учество и придонес од 17 земји членки на Европската вселенска агенција, со повеќе од 90% од платформата составена во Европа. Досега единаесет сателити на „Неосат“ се веќе продадени, од кои седум се „Спејсбас Нео“. Проектот за партнерство ЕСА создаде исклучителен поврат на инвестициите во државите учеснички на програмата и нивните индустрии.

Сателитот „Конект“ изграден е од „Талес Аленија апејс“ за „Еутелсат“, неговиот комерцијален оператор и е првиот сателит од новата производна линија „Спејсбас Нео“, развиен во рамките на проект управуван од страна на  француската вселенска агенција и ЕСА. Сателитите се дизајнирани да траат до 15 години.

Летот ВА251 беше 107-та мисија на „Ариана Пет“.

„Трката околу вселената“ меѓу САД и Европа продолжува и понатаму. Имено, на 25 јули 2018 година беа лансирани последните четири сателити на системот „Галилео“. Овој проект е од исклучително значење бидејќи има поголема точност од сегашната верзија на американскиот ГПС-систем.

Прикажи повеќе...

Екологија

Грета Тунберг се приклучи на маршот за климатски промени во Швајцарија

Објавено пред

Активистката за климатски промени Грета Тунберг присуствува на маршот за климатски промени во Лозана, Швајцарија.

Стотици лица излегоа на протестот, што се организира пред одржувањето на Светскиот економски форум во Давос наредната недела.

Тунберг  ја стекна својата популарност како основач на движењето „Петоци за иднината“ и го пропатува светот во последните 12 месеци, приклучувајќи се на многу маршови за климатски промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Македонија1 час

Вооружените крадци од НЛБ Банка украле 8.700 евра

Вооружените крадци кои утринава влегоа во експозитура на НЛБ Банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката. Од...

Топ2 часа

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија4 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија5 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата5 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Регион9 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ9 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет9 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија10 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија10 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет11 час

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион12 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет12 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет12 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион12 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Досие