Контакт

Забава

Сликата на убиецот на Трејвон Мартин продадена за 100.000 долари

Објавено пред

Сликата што ја насликал Џорџ Зимерман, кој во јули годинава беше ослободен од обвинението за убиство на црниот тинејџер Трејвон Мартин, е продадена изминатиот викенд на eBay за повеќе од 100 илјади американски долари.

dobivaj vesti na viber

За сликата на американското знаме со избледена сина боја на којашто пишува „Бог и правда за сите“ било лицитирано 96 пати, и е продадена за 100.099,99 долари. На прашање на AFP, од eBay одбиле да дадат податоци за купецот.

Во описот на делото на онлајн страницата на најголемата аукциска продавница, авторот навел дека „пронашол начин да се изрази“. „Мојата уметност ми овозможува промислување и ми нуди терапевтска помош“, напишал 30-годишниот Џорџ Зимерман.

Според интернет страницата на телевизиската мрежа ABC, Зимерман ќе ги употреби парите за намирување на судските трошоци во висина од два милиона долари.

Трејвон Мартин, момче од афроамериканско потекло, на 26-ти февруари 2012-та година беше убиен во Санфорд, предградие на Орландо, откако во него по кратка кавга пукал Зимерман, кој во моментот бил на граѓанска стража.

Според снимениот полициски повик, Зимерман тврдел дека бил нападнат од Мартин, кој го соборил и започнал да го тепа, по што Зимерман го извлекол својот пиштол и пукал во него. Зимерман потоа од обвинителството беше обвинет за убиство без умисла, а неговата одбрана се повика на законот за самоодбрана.

Џорџ Зимерман, бил припадник на ткн „граѓанска стража“, која ја сочинуваат жители на некои квартови кои спроведуваат редовни патроли по улиците за да спречат провали и кражби.

Во својата одбрана тој наведе дека на 26-ти февруари 2012 година, во текот на една таква патрола го забележал 17-годишниот Трејвон Мартин и го запрашал што работи. Тој, наводно, не сакал да му договори, па Зиемрман повикал полиција, која му рекла дека испраќа свое патролно возило и дека тој треба да се оддалечи. Меѓутоа Зимерман тоа не го сторил, туку продолжил да го следи Мартин, по што дошло до физичка пресметка во која Зимерман, како што тврдеше пред судот, во страв за својот живот морал да пука во Мартин, кој потоа им подлегна на повредите.

Случајот доби големо медиумско покривање, а според дел од американските медиуми, за време на судењето обвинителството лошо го подготвило предметот, а одбраната успеала да ги убеди поротниците дека Зимерман навистина делувал во самоодбрана.

Сево ова предизвика шок во американската јавност, протести во повеќе градови низ државата и ги подели САД на поборници за правото на носење оружје и активистите против расизмот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бесплатна тетоважа за Пленковиќ; сопственикот на салонот: Ме повикуваат од сите страни

Објавено пред

За само еден ден на социјалните мрежи урнебесно се прошири најавата за тетовирање во Пожега. Тие напишаа дека нудат бесплатна тетоважа за Андреј Пленковиќ и покажаа како би изгледала.

dobivaj vesti na viber

Многумина можеби мислат дека ова е добра шега среде избори – но не е. Згора на тоа, сопственикот на салонот за „Индекс“ изјави дека многу луѓе веќе се јавиле за термин.

„Понудата е повеќе од сериозна, што е поткрепено со големиот одѕив на споменатата објава. Ме повикуваат од сите страни. Во мојата долгогодишна работа истетовирав многу личности, а сега решив да направам една тетоважа подарок, со оглед на тоа дека изборите се актуелни“, објасни сопственикот на првото и најстаро студио за тетовирање во Пожега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Texas Tattoo (@tattoo_pozega)

Сепак, признава, настанал проблем што повеќе луѓе се пријавиле за тетоважа – многу повеќе отколку што очекувал.

„Ќе треба да подготвам неколку верзии на тетоважата. На пример, лут Пленковиќ, среќен, загрижен Пленковиќ, Пленковиќ во разни пози, варијации во боја или црно-бело“, додал сопственикот, кој, изгледа, ќе има многу повеќе работа овие денови отколку што се надеваше.

„Постојано правам некоја игра со акција или подарок, но овој одговор ме изненади“, заклучил тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Бјелогрлиќ ги откри деталите од третата сезона на „Сенки над Балканот“

Објавено пред

Третиот циклус од популарната серија „Сенки над Балканот“, која публиката долго време ја чекаше со големо нетрпение, е во фаза на пишување, а како што најави режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ, снимањето ќе почне кон крајот на летото.

dobivaj vesti na viber

Драган Бјелогрлиќ и неговиот тим соработници интензивно работат на сценариото за третата сезона на една од најпопуларните серии на нашите простори – „Сенки над Балканот“, а овој пат актерската екипа ќе ја комплетираат Нина Јанковиќ, Милан Мариќ и Милош Биковиќ во Јосип Броз Тито, пишува Nova.rs.

„Во моментот пишуваме. ‘Сенките’ се многу тежок проект за мене, но страшно инспиративен“, почна Бјелогрлиќ опишувајќи го процесот на создавање:

„Многу се плашам кога влегувам во процесот на пишување, а по процесот на снимање и сѐ друго толку ме обземаат ‘сенките’, што веќе не можам да правам ништо друго и да се занимавам со ништо. Веќе сум на возраст кога би сакал да живеам малку поопуштено, затоа и го одложив. Сепак, влеговме во процесот на пишување, ја напишавме целата приказна, првите две епизоди се завршени, сега ја пишуваме третата. Се надевам дека сѐ ќе биде готово до август и дека снимањето ќе почне во текот на август, дека ќе завршиме до Нова година и дека ќе се емитува напролет“.

Во серијата , покрај стандардните ликови, ќе бидат и Милан Мариќ, Нина Јанковиќ и Милош Биковиќ, а Драган Бјелогрлиќ го откина временскиот период што ќе се прикажува во третиот циклус од популарната серија.

„Имаме работа со периодот од 1939 година, приказната почнува кога Милан Стојадиновиќ распишува избори, тоа беа многу важни избори на кои победи, но не дојде на власт, го наследи принцот Павле. Тоа беше многу значајна година кога на сите им беше јасно дека доаѓа голема војна, дека светот нема да изгледа како порано и дека секој има свои планови. Можам да кажам дека една од најголемите мистерии се случува на панината ‘Ртањ“, ги откри деталите режисерот Драган Бјелогрлиќ и ја заинтригира публиката, која со нетрпение го очекува продолжението на популарната серија.

„Во Србија има многу мистицизам. Го избравме ‘Ртањ од друга причина, а ‘Ртањ е интересен поради легендите, по населението што живее таму и верува во секакви работи и затоа што таму имаше некои рудници“.

Дали овој трет циклус ќе ја заврши приказната останува да видиме. Но, едно е сигурно, а тоа е дека сите со нетрпение ја очекуваат новата и возбудлива приказна за своите омилени херои, кои ги толкуваат: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Наташа Нинковиќ, Небојша Дугалиќ, Ненад Јездиќ, Срѓан (Жика) Тодоровиќ, Горан Богдан, Јована Стоиљковиќ.

Прикажи повеќе...

Забава

Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата

Објавено пред

Светложолтата јакна обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња изложени во поранешната британска колонија пред аукцијата закажана за јуни.

dobivaj vesti na viber

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена од четврток пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата секогаш кога се облекуваше и излегуваше, рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулиен“ со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна од нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, а синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложени е и вечерната тоалета со свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветната тоалета на Кетрин Вокер, што Дијана ја носеше во 1991 година.

Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала на улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. „Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг“, вели Фунг.

Во 2023 година аукциската куќа „Џулиен“ продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милион долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија7 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија8 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет9 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет10 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија10 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија10 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет10 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет10 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија20 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија20 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија22 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...