Забава
Тужи казино зашто му дозволило да загуби половина милион долари
Американските власта отворија истрага во случајот на маж кој тужел едно казино во Лас Вегас бидејќи го оставило да изгуби 500 илјади американски долари, а бил многу пијан.
Законот во американската сојузна дражва Невада им забранува на казината да им дозволуваат на „лицата под забележително влијание на алкохол или дроги да учествуваат во игрите на среќа”, изјавил Марк Џонстон, кој ја поднел тужбата.
Овој 52-годишне бизнисмен од местото Вентура во државата Калифорнија во февруари сфатил колку пари изгубил на коцка дури откако следното утро се разбудил во хотелскиот апартман во „Downtown Grand Las Vegas Hotel & Casino”
Џонстон вели дека почнал да пие уште пред да полета од Лос Анџелес за Лас Вегас со пријателката, а потоа воопшто на ништо не сеќава што се случило таа вечер.
Како што пренесува весникот The Los Angeles Times, Џонстон испил уште дваесетина пијачки во текот на коцкањето во казиното и бил толку пијан што веќе не ги распознавал картите коишто ги држел во рацете. Трупајќи го долгот продолжил да игра, додека неговата пријателка мирно си заминала на спиење, ненасетувајќи каква финансиска драма се случува околу нејзиниот пријател.
Казиното, коешто е отворено во ноември 2013 година, одбило да го коментира за CNN случајот, повикувајќи се на судскиот процес.
Џонстон, поранешен сопственик на салон и застапништво за автомобили во Лос Анџелес, инаку за себе вели дека не е губитник. „Не жалам кога губам. Загубив половина милион долар. Сум изгубил 800 илјади долари. Губев многу пари. Но ова нема врска со тоа”, рекол Џонстон инаку „ветеран” во коцкање. „Секако дека можам да си дозволам да губам”, додал позирајќи до својот луксузен автомобил „Mercedes-Benz” кој чини 250 илјади долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.