Забава
Изложба на потписите на Сталин, Хитлер и Линколн во Вашингтон
Потписот на Сталин бил енергичен, на Труман читлив, на Черчил поформален, а автограмите на историските личности говорат многу за нивните автори.
Автограмите на споменатите челници на светските сили напишани кон крајот од Втората светска војна на програмата од еден оркестарски концерт на маргините од Постдамската конференција, ќе може да се погледнат од петокот па до јануари до 2015 година во Националната архива во Вашингтон.
Архивот по тој повод од својата збирка извадил повеќе од стотина потписи на познати личности, од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, па до иконата на поп музиката Мајкл Џексон.
Меѓу нив е и документот за склучувањето на бракот меѓу Адолф Хитлер и Евра Браун кој го потпишале на 29-ти април 1945 година, на денот кога го извршиле самоубиството во Берлин. Сведоци им биле другите нацистички челници Јозеф Гебелс и Мартин Борман.
Изложени, меѓу другите, ќе бидат и потписите на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, како и на славната актерка Кетрин Хепберн.
Историска занимливост и е пораката од 1989 година со којашто поранешниот ирачки авторитарен челник Садам Хаусеин му се заблагодарува на тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш на добрите желби. Две години подоцна САД го нападна Ирак поради инвазијата врз Кувајт.
Ќе биде изложено, исто така, и автоматското пенкало на сегашниот американски претседател Барак Обама коешто му овозможува да го стави својот потпис на законите и кога се наоѓа далеку од Вашингтон, што е жестоко критизирано од неговите политички противници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.