Забава
5 причини зошто е добро да имате куче за домашно милениче

Денес е Светски ден на животните, а Simple ве повикува да бидете хумани и да се грижите за нив. Да се има куче е одлично од 100 причини, а овој пат се наведени пет од нив.
Не е кажано без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Кучињата се наши животни придружници и најверни пријатели, ни даваат голема радост и безусловна љубов. Постојат многу причини зошто е одлично да сe има куче како домашно милениче, што сите сопственици на кучиња многу добро ги знаат, а на Светскиот ден на животните експертите се надеваат дека многу луѓе ќе се охрабрат да станат сопственик на еден крзнен пријател.
Да се има куче е голема, но и прекрасна обврска. Без разлика дали сакате да купите чистокрвно куче со педигре или да посвоите куче на кое му треба дом, експертите тврдат дека тоа ќе биде една од најдобрите одлуки. А еве и зошто:
– Никој не ви се радува како вашето куче. Да се има свое семејство е прекрасно, но сите сопственици на кучиња ќе ви кажат дека никој од членовите на нивното семејство не ги очекува со таква радост повеќе од нивното куче. Кучињата даваат безусловна, несебична љубов, а за возврат не бараат ништо друго освен можеби малку храна и повремено тапкање по главата. Тоа количество среќа што го покажува кучето кога ја отклучувате вратата и влегувате дома, што веднаш го подобрува расположението, не може да се измери со добар шопинг, вкусна торта или добра песна. Нивната среќа е толку заразна што веднаш ќе се чувствувате подобро по напорниот работен ден.
– Без разлика дали сте интроверт или екстроверт, откако ќе добиете куче, најмногу ќе уживате во неговото друштво. Сигурно знаете барем едно лице кое во минатото било строго против чување куче дома, а потоа кога пристигнало кучето, му ја дало својата фотелја, спијат заедно во кревет и тајно разговораат. Ова е затоа што кучињата обезбедуваат најдобра удобност, слушаат внимателно без осуда и секогаш се тука за вас кога сте лошо расположени или тажни. Јапонска студија од 2009 година покажа дека само гледањето во очите на вашето куче го зголемува нивото на окситоцин, попознат како хормон на љубовта. Некои студии покажаа дека поседувањето куче може да ја ублажи депресијата, особено кај постарите лица.
-Кучето ќе ве поттикне да се движите повеќе. Дури и кога сте толку уморни наутро што едвај ги отворате очите или едвај чекате да се вратите од работа и да легнете во кревет, треба да го направите следново – земете го крзнениот миленик на прошетка. Кучето треба да се носи на прошетка најмалку двапати дневно. На некои кучиња им требаат 15-20 минути пешачење, на некои им требаат минимум 40 минути, додека на некои им треба добро трчање за да се ослободат од вишокот енергија. Следствено, и вие ќе бидете принудени да се движите секојдневно, што може да биде само плус за вашето здравје.
-Кучињата го ублажуваат стресот. Не само што го подигнуваат расположението, туку тие се и еден вид антистресна терапија. Според студија спроведена пред повеќе од 30 години од Арон Качер од Универзитетот во Пенсилванија и Алан Бек од Универзитетот „Пердју“ во Индијана, играњето со куче или дури само галење куче што го знаеме го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, го забавува дишењето и речиси веднаш ја релаксира напнатоста. Оваа студија е потврдена со неодамнешните кои покажуваат намалено ниво на хормони на стрес, дури и кај луѓе кои земаат лекови за намалување на крвниот притисок.
-Сопствениците на кучиња дејствуваат привлечно. Покрај тоа што ја зголемуваме социјалната интеракција со другите луѓе (секогаш ќе застанете да поразговарате со соседите, другите сопственици на кучиња или оние кои едноставно сакаат да го галат вашето куче и да го дознаат неговото име), кучињата ги прават своите сопственици попривлечни во другите очите на луѓето. Студија спроведена во Обединетото Кралство на примерок од 700 луѓе го покажа следново: 60% од испитаниците веруваат дека кучето ве прави попривлечни, а 85% од нив мислат дека луѓето се попристапни кога се во друштво на куче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун го краси црвениот тепих на годишната гала на Клајв Дејвис

Шерон Стоун ги привлече сите погледи на себе кога пристигна на годишната гала на Клајв Дејвис, која традиционално се одржува во Лос Анџелес еден ден пред доделувањето на Греми-наградите.
64-годишната актерка од „Ниски страсти“ изгледа модерно и елегантно во розов костим украсен со тил на саботниот настан што ги собра ѕвездите на Холивуд.
Цртите на лицето, кои видно им пркосат на годините, ги истакна со блескава палета на шминка.
Изгледот го комплетира со раскошен сребрен ѓердан, а таблоидите коментираат дека зрачи со самодоверба додека позира пред камерите.
Забавата позната како Pre-Grammy Gala е меѓу последните настани што се одржуваат во текот на неделата на „Греми“, а која кулминира со најголемата вечер во музиката.
65. доделување на Греми-наградите се одржи синоќа во арената „Крипто“ во Лос Анџелес.
Забава
(Видео) Антонио Бандерас открива дека неговиот лик во „Индијана Џонс 5“ е сојузник

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи.
Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече.
Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.
„Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О, боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови“.
„Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив“, рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс“.
Во режија на Џејмс Менголд, петтото продолжение со оригинален наслов Indiana Jones and the Dial of Destiny прикажува како Форд се враќа во својата легендарна улога на археолог авантурист и се бори со своите стари непријатели, нацистите.
Филмот треба да пристигне во кината на 30 јуни 2023 година и, најверојатно, е големото збогување на Харисон Форд со познатиот авантурист археолог имајќи предвид дека актерот веќе наполни 80 години.
Забава
(Видео) „Греми 2023“: зад песната на годината се крие неверојатна приказна

Бони Рајт беше вчудовидена кога освои „Греми“ за песна на годината на синоќешната церемонија во Лос Анџелес, еден од најголемите настани во музичката индустрија.
73-годишната пејачка и текстописец се закити со една од главните награди. Нејзината песна Just Like That беше прогласена за песна на годината.
Џил Бајден ѝ ја врачи наградата, а Бони не можеше да поверува дека е победничка во оваа престижна категорија. „О, боже. Многу сум изненадена. Не знам што да кажам. Ова е нереален момент“, рече Бони. Таа ѝ се заблагодари на Академијата што ја цени уметноста на пишување песни и што ѝ оддаде почест.
„Не пишувам многу песни, но толку сум горда што ја цените оваа“, додаде таа. „Песна на годината е прилично важна работа. Ова е голема работа за мене и многу сум горда“.
Медиумите потсетуваат на неверојатната приказна зад Just Like That, која беше објавена во април 2022 година. Се појави на истоимениот албум, кој се искачи на 44. место на „Билборд топ-200“.
Песната ja напиша Бони, која откри дека била инспирирана од приказната за една жена, која срцето на својот починат син му го дала на друго дете. Бони ја посвети песната на својот пријател и колега Џон Прајн, кој почина во 2020 година по борбата со коронавирусот.
„За оваа песна ме инспирира неверојатна приказна за љубовта, милоста и великодушноста на некој што ги донира органите на својата сакана личност за да помогне на друга личност да преживее“, изјави Рајт. „Оваа приказна е толку едноставна и толку убава за овие времиња. И луѓето реагираа на песната, делумно поради тоа колку го сакав и сите го сакавме Џон Прајн, и тоа беше инспирација за музиката за оваа песна“, додаде таа.