Контакт

Забава

Дете пишува апликации за Ајфон

Објавено пред

Лим Динг Вен од Сингапур се занимава со необична работа за едно деветгодишно дете и пишува програми за Ајфон, пренесува сингапурскиот весник Њу Пејпр

dobivaj vesti na viber

Лим Динг Вен од Сингапур се занимава со необична работа за едно деветгодишно дете и пишува програми за Ајфон, пренесува сингапурскиот весник Њу Пејпр.

Лим, кој е четвороодделенец, напишал компјутерска програма за цртање наречена Дудл Кидс, која само за последните две недели, е симната од интернет 4.000 пати.

Програмата им овозможува на корисниците на популарниот мобилен телефон на Епл да цртаат со прсти на екранот на допир, а  за да се избрише цртежот, доволно е само мобилниот да се протресе.

„Ја напишав оваа програма за своите помлади сестри кои сакаат да цртаат“, рече Лим.

Неговите сестри имаат пет, односно три години. Лим почнал да користи компјутер кога имал само две години, а во меѓувреме научил шест програмски јазици. Моментно работи на новата апликација за Ајфон, што ја нарече „Invader Wars“. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивен дедо

Објавено пред

Мајкл Даглас отворено зборуваше за предизвиците на родителството во доцниот живот.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Телеграф, 79-годишниот актер ги опиша предизвиците на воспитувањето деца во неговите 70-ти. Познатиот актер се присети на моментот кога бил помешан со дедо на сопствените деца додека ги посетувал на факултет. „Ова не е ден на дедото, ова е ден на родителите. Тогаш реков: „Јас сум родител! Тоа беше гадно“, изјави актерот.

Оскаровецот има две деца, синот Дилан (23) и ќерката Керис (20), со сопругата Кетрин Зета-Џонс, со која е во брак речиси 25 години, како и 45-годишниот син Камерон со поранешната сопруга Диандра Лукер.

Даглас, кој стана татко по втор пат кога имал 56 години, признал дека второто семејство подоцна во животот му овозможило да биде подобар татко.

„Камерон тогаш многу страдаше“, рече Даглас, истакнувајќи дека бил преоптоварен со кариерата додека го одгледувал својот најстар син. Тој објасни дека неговиот семеен живот бил трет на неговата листа на приоритети во тоа време, за разлика од кога основал семејство со Зета-Џонс.

„Веќе работев доволно и барав повеќе за да уживам во децата“, призна Даглас. Иако познатиот актер призна дека се мачел да ги држи Дилан и Керис кога биле помали, тој додал дека тој и неговата сопруга сега уживаат во животот без деца.

„Тоа беше одлично време за мене, но имав многу среќа. Кетрин и јас бевме заедно, ќе наполнат 25 години оваа година. Значи, тоа беше добар период и бев многу среќен, среќен со изборот што го направив и сега навистина се враќам назад и малку повеќе ги мирисам розите, повеќе патувам“, рече Даглас.

Добитникот на Златен глобус им се заблагодари и на своите деца што се извонредни суштества и радоста што ја има во животот. „Тие и на Кетрин и на мене ни донесоа огромна радост“, додаде тој.

Даглас почна да излегува со велшката актерка во 1999 година, откако се запознаа на Американскиот филмски фестивал во Довил, Франција. Двојката се венча една година подоцна во хотелот Плаза во Њујорк. Оттогаш, актерите никогаш не се срамат да ја прослават својата љубов на социјалните мрежи, каде актерката често објавува фотографии оддавајќи почит на нејзината долга врска со Даглас.

Во ноември 2023 година, таа ја одбележа нивната 23-годишнина од бракот со објавување серија фотографии од парот низ годините. „Денес славиме 23 години брак“, напиша таа во описот на Инстаграм.

Прикажи повеќе...

Забава

Јелена Ѓоковиќ воодушеви со изборот на фустан на наградата „Лауреус“

Објавено пред

Тенисерот Новак Ѓоковиќ синоќа заедно со сопругата Јелена присуствуваше на доделувањето на спортските награди „Лауреус“ во Мадрид.

dobivaj vesti na viber

По тој повод Новак Ѓоковиќ по петти пат стана најдобар спортист на светот. Српскиот тенисер претходно ја доби престижната награда во 2012, 2015, 2016 и 2019 година. На Новак наградата му ја врачи Том Брејди, легендата на американскиот фудбал и НФЛ.

Тенисерот на престижното доделување дојде со сопругата Јелена Ѓоковиќ, која воодушеви со изборот на фустан и целокупниот изглед.

Таа носеше црн топ фустан од модната дизајнерка Драгана Огњеновиќ.

Заедно со црниот фустан, Јелена носеше и дискретен накит, а косата ја стави во елегантна пунџа.

Новак носеше костум од италијанскиот бренд „Brunello Cucinelli“. Семејството Ѓоковиќ беше добро расположено и насмеано и им позираа на фотографите.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои се сметаат за ментално најјаки: никој не може да ги скрши

Објавено пред

Менталната сила се состои и од среќа и од способност, додека моќта на умот е уметност и пракса. Менталната и емоционалната сила се состои од мешавина на особини како што се силна самосвест, оптимизам и издржливост, кои некои хороскопски знаци имаат тенденција да ги совладаат повеќе од другите.

dobivaj vesti na viber

Одредени хороскопски знаци едноставно можат многу да се справат без да се чувствуваат здробени благодарение на нивните специфични особини на личноста.

Овен

Тој е полн со енергија и виталност, со интензивна и авантуристичка личност. Не се плаши од ништо, секогаш е подготвен за нови предизвици. Има став на лидер, што му дава и голема самодоверба. Обично е бунтовен и импулсивен, поради што секогаш има барем еден или двајца непријатели. Тој не се плаши да ги сподели своите ставови за која било тема. Тој е многу тврдоглав и тешко е да го убедите во нешто.

Она што го прави Овенот моќен е неговиот капацитет за лидерство, енергија и недостаток на страв.

Шкорпија

Шкорпиите имаат многу силна личност, но се разликуваат и од другите хороскопски знаци по својот интензитет.

Ова е особено видливо на емоционално ниво. Тие не се смируваат лесно и нивната страст ги прави незапирливи додека не ги постигнат посакуваните цели. Луѓето родени во знакот на Шкорпија обично се многу критични, по малку арогантни и тешко се справуваат секојдневно во љубовта, тие имаат и силен карактер, многу се страствени и посветени на партнерот.

Она што ги прави Скорпиите моќни е нивната посветеност, фокус, упорност и способност да ги постигнат своите цели.

Рак

Иако е познат по наглите и брзи промени, луѓето родени во знакот Рак се исто така многу силни и упорни луѓе. Тие обично се многу самоуверени луѓе кои веруваат во своите способности, што ги прави амбициозни, како во деловниот, така и во нивниот романтичен живот. Тие се многу напорни со пријателите и партнерите. Тие се искрени, дури и ако ги повредат туѓите чувства.

Она што го прави Ракот моќен хороскопски знак е неговата самодоверба која му помага да најде сè што ќе посака и неговиот перфекционизам кој му овозможува да создава неверојатни работи.

Лав

Лавот е еден од најсилните знаци на зодијакот. Неговите најизразени карактеристики се доминантен лик, секогаш подготвен за режија, тој е роден лидер. Тие не се плашат да се соочат со неволји и имаат голем капацитет за ковање планови и стратегии, што им помага да ги постигнат своите цели. Тие се горди на својата сила, ароганција и тврдоглавост.

Карактеристиките кои го прават Лавот еден од најсилните знаци на зодијакот се харизмата, која му дава способност да води големи групи луѓе и неговата решеност да успее.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 час

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет2 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија2 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет2 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија2 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет3 часа

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија16 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија17 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија18 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија19 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија21 час

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија22 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија23 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија23 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија23 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија24 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...