Забава
Рекордер – поминал 27 часови на “жешка линија“

Неименуван 22 годишен Германец ги соборил сите досегашни рекорди во повикување на “жешки линии“ откако во хотелот во кој престојувал направил сметка
Неименуван 22 годишен Германец ги соборил сите досегашни рекорди во повикување на “жешки линии“ откако во хотелот во кој престојувал направил сметка од 10 илјади евра!
Тој ја изнајмил хотелската соба за 100 евра, а како што подоцна е откриено на “хот лајн“ поминал цели 27 часови.
Бидејќи не можел да ја плати сметката, управата на хотелот повикала полиција, која соопштила дека момчето иста ваква работа веќе направил во друг хотел, од каде го тужат за сметка од скоро пет илјади евра.
Момчето на полицијата и објаснило дека слушајќи ги девојките премногу се занел и заборавил на времето.
Неговиот адвокат тврди дека за тоа што се случило не е виновно момчето, туку управата на хотелот.
“’Во хотелите таквите броеви би требало да бидат блокирани, за никој да нема проблеми“, изјавил адвокатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никол Шерцингер снимена во геј-бар со рагбист

Атрактивната фронтменка на повторно оформената група „Пусикет долс“, Никол Шерцингер, е снимена во геј-бар со рагбист.
Додека кружат гласови дека таа се помирила со поранешното момче Луис Хамилтон, британските папараци ја фатија со Том Еванс (34).
Двојката одела на журка во популарниот геј-бар „Фридом“ по нејзиниот настап во Лондонскиот театар.
Освен со овие спортисти, Никол беше во долготрајна врска и со тенисерот Григор Димитров.
Забава
(Видео) По две децении, Џенифер Лопез повторно номинирана за „Златен глобус“

Пејачката и актерка номинацијата за најдобра споредна актерка ја доби за филмот „Хастерс“.
Филмот за стриптизети што мамат богати клиенти неодамна беше прикажан во киносалите и Џенифер Лопез веднаш доби номинација.
Could not be prouder to be recognized by the HFPA. Hustlers was a labor of love, sweat and perseverance written, directed, produced, edited and starring a group of bad-ass women. I am proud and honored to represent them and this film!!!! ♥️ #HustlersMovie #ramona pic.twitter.com/PapHE5PDps
— Jennifer Lopez (@JLo) December 9, 2019
Лопез е номинирана за најдобра споредна улога заедно со Кети Бејтс, Анет Бенинг, Лора Дерн и Марго Роби.
Улогата на Рамона на Џенифер ѝ ја донесе првата номинација за „Златен глобус“ по две децении. Првпат таа беше номинирана за улогата во биографскиот филм „Селена“, приказна за пејачка убиена од една обожавателка.
Забава
Шарлота ja наследи љубовта кон коњите од својата прабаба, за Божик сака пони

Принцезата Шарлота (4), ќерка на принцот Вилијам (37) и Кетрин (37), војвотката од Кембриџ, е голем љубител на коњи, страст што ја наследи од својата прабаба, кралицата Елизабета (93). Според близок пријател на славната кралска двојка, четиригодишната принцеза сака пони како божикен подарок.
Нејзината прабаба кога имала четири години добила шетландско пони наречено Пеги, но не ѝ било дозволено да го јава сè додека не наполнила шест години.
Принцот Вилијам не е сигурен дека ќе ѝ ја исполни божикната желба на својата ќерка бидејќи смета дека таа е премала за да има сопствено пони.
Нејзиниот постар брат, принцот Џорџ (6), е голем љубител на спортови, па наводно на родителите им побарал пинг-понг и нов тениски рекет.
„И Шарлота и Кетрин ќе добијат сетови за готвење затоа што сакаат да прават хаос во кујната“, вели пријателот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци