Забава
Список псовки за домашна задача
Наставник во едно приватно училиште во Англија побара од учениците на возраст од 10 години да направат список на пцовките што ги знаат.
Наставник во едно приватно училиште во Англија побара од учениците на возраст од 10 години да направат список на пцовките што ги знаат.
Фред Лабанд барал од своите ученици овие „непристојни зборови“ да ги класифицираат во категории од оние што „стварно ги нервираат“, до оние што се „безопасни“.
Наставникот верувал дека тоа е добар начин да ги учи учениците со методи на борба против застрашување во рамки на програмата за општествено однесување воведено на предлог на владата.
Родителите на учениците биле запрепастени кога во нивните тетратки виделе само псовки. Една мајка изјавила дека таа вежба само ги поттикнува децата да пцујат.
По бурната рекација на родителите, директорката на училиштето напишала извинување во кое признала дека вежбата не е баш соодветна. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Во чест на Мирко Попов ја славиме македонската музика“: промоција на винил издание – Поп култура
Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – Поп култура. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата Силата ЕУ младите.
Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.
Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).
Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, Македонско Улично Радио и Лабораториум.
Платформата Силата ЕУ младите е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.
Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум.
„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, велеше Попов. Толку многу ги сакаше сите и се радуваше дека го градат оној град во кој тој веруваше. Тие го препознаа искрениот жар и отворениот простор на Мирко и му вратија назад со љубов и убава соработка.
Во чест на Попов, зааедно да ја славиме македонската музика, како што велеше и самиот: „Во Скопје, улиците пеат“.
Забава
Хит панталони за пролетва: ги издолжуваат нозете
Широките панталони се идеални за пролетен изглед бидејќи одлично одат со романтични блузи, топови и широки сакоа. А доколку изберете ваков тип на бели панталони, даваат ефект на долги нозе и вита линија.
Широките панталони може да се носат во разни ситуации, од лежерни излегувања до елегантни настани, а тајната на добриот изглед е во нивното комбинирање со соодветни модни парчиња и додатоци. Но, пред сè, треба да ги пронајдете вистинските, модел што ѝ одговара и на вашата фигура.
Моделот со средно висока половина ја истакнува силуетата, а самиот крој создава ефект на долги нозе. Покрај тоа, овој модел на панталони во бела боја е идеален за комбинирање со клучните пролетни трендови.
Совршено се вклопуваат со сандали на потпетици.
Забава
Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот
Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.
56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.
Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.
„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.
Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.
„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.