Забава
Папагал научил човек да зборува
Американски пожарникар, кој по сообраќајна несреќа ја изгубил способноста за говор, повторно зборува благодарение на папагалите
Американски пожарникар, кој по сообраќајна несреќа ја изгубил способноста за говор, повторно зборува благодарение на папагалите.
Брајан Вилсон доживеал опасна повреда по живот во несреќа пред 14 години, а меѓу останатото не можел веќе ниту да зборува. Членовите на неговото семејство, во почетокот се труделе да го научат да зборува, но со време се откажале.
Несреќниот човеко го спасиле неговите два папагали кои од ден на ден, со години ги повторувале зборовите што ги знаеле.
На крајот, Брајан почнал да зборува и ги шокирал дури и лекарите.
“Папагалите ме научија да зборувам. Имав навистина сериозни повреди на главата. За моја среќа, на папагалите тоа ништо не им значеше и постојано разговараа со мене“, вели Вилсон.
Тој, за да им покаже благодарност на птиците, го посвети животот на чување птици чии сопственици веќе не може да се грижат за нив. Моментно, во својот дом има 80 различни видови на егзотични птици, од снежно бели какадуа до шарени ари./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.