Контакт

Забава

ВЦ шоља покрај која не е потребна тоалетна хартија

Објавено пред

Нов, почист тоалет и високи хигиенски услови се некои од предностите на новиот јапонски изум – ВЦ шоља Вашлет која има интегрирано црево од кое

Нов, почист тоалет и високи хигиенски услови се некои од предностите на новиот јапонски изум – ВЦ шоља Вашлет која има интегрирано црево од кое излегува топла вода и ги чисти деловите од телото за кои моментално се користат и по неколку метри тоалетна хартија.

Секако, за оваа постапка постои и електронско копче, така што водата почнува да тече токму тогаш кога човекот ќе посака, слично како и кај стандардното казанче, што гарантира дека нема да дојде до непријатни ситуации, пишува Дејли Мејл.

Јапонскиот производител за санитарии Тото, оваа шоља ја лансираше најмногу од еколошки причини бидејќи за производство на тоалетна хартија се уништуваат огромни шумски пространства, а посебно се искористуваат младите дрва.

Исто така, казанчето на Вашлет троши шест литри на едно пуштање, додека класичното троши и до 12 литри вода.

Покрај топлата вода која ги мие “критичните подрачја“, Вашлет има и уред за сушење на истите, што може да се намести на три различни температури.

Оваа ВЦ шоља се чисти сама и тоа со средство што не содржи опасни хемикалии, така што можете да бидете сигурни дека и на овој начин нема да ја загадите околината.

Вашлет во Јапонија станал неизоставен дел на секој тоалет, а Тото оваа недела својот хит производ ќе го претстават на саемот за санитарии во Франкфурт, надевајќи се дека својот успех ќе го прошири на европскиот пазар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џастин Бибер покажа како треба да изгледа новото лого на НБА

Објавено пред

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер им се придружи на многу луѓе во светот и бара да се промени досегашното лого на НБА поради Коби Брајант, кој почина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Музичката ѕвезда на „Инстаграм“ објави фотографија на која е прикажано како треба да изгледа новото лого на НБА-лигата, на кое се наоѓа силуетата на славниот Коби Брајант.

View this post on Instagram

#changethelogo

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

„Променете го логото!“, напиша Бибер кусо, но јасно, проследено со десетици илјади коментари и објави во кои луѓето апелираат да се промени логото.

Иницијативата ја поддржа и раперот Ашер Рајмонд, кој сака исто лого на НБА како и Џастин Бибер.

Сегашното лого на НБА-лигата ја има силуетата на славниот Џери Вест, легендата на Лос Анџелес лејкерс.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина легендарниот британски водител и комичар Николас Парсонс

Објавено пред

Долгогодишниот британски комичар и водител на култната радиоемисија Just A Minute, Николас Парсонс, почина по кратко боледување на 96-годишна возраст, пренесуваат многубројни британски медиуми.

Парсонс во Велика Британија беше обожавано лице и глас, многу почитуван од слушателите на Радио Би-би-си. Емисијата почнал да ја води уште во 1967 година, а нејзиниот формат останал речиси ист до последните денови.

Интересно е што во 2018 година Парсонс ја пропуштил првата емисија по повеќе од 50 години. Водителот во тоа време ги загрижил своите обожаватели и слушатели, но Би-би-си набргу ја смирил ситуацијата и појаснил дека станува збор само за кратка пауза што Николас решил да ја земе по децении.

Меѓу гостите во емисијата на Парсонс биле многу познати личности, а една од најслушаните емисии била онаа кога тој му бил домаќин на принцот Чарлс (71), голем обожавател на ликот и делото на Парсонс.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер летала со хеликоптерот на Коби пред два месеци, пилотот го опиша со неколку силни зборови

Објавено пред

Најмладата милијардерка Кајли Џенер (22) честопати летала со хеликоптерот на Коби Брајант и го изнајмила пред два месеци за 3. роденден на нејзината внука Дрим Кардашијан.

Кајли не може да верува дека Коби Брајант и неговата ќерка Џијана ги загубиле животите во истиот хеликоптер во кој на 29 ноември се возеле таа и Дрим Кардашијан.

Кајли летала неколку пати во хеликоптерот во кој Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана ги поминаа своите последни моменти од животот, пред фаталната несреќа во Калабасас на 26 јануари.

Сопственичката на „Кајли козметик“ ја откри оваа застрашувачка вест додека им оддавала почит на шампионот на НБА и неговата ќерка Џијана на „Инстаграм“. Кајли објави фотографија од сите девет жртви.

„Почивајте во мир и да се молиме за овие семејства … сè уште не можам да верувам дека се случило тоа. Тоа беше хеликоптерот со кој летав одвреме-навреме со пилотот Ар. Тој беше толку прекрасен човек“, напиша Кајли на својот инстаграм-профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија10 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија11 час

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија12 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт12 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија13 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија14 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија15 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија17 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија17 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија18 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ19 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура19 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет20 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет21 час

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет21 час

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет22 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ2 дена

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија2 дена

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Досие