Забава
Никој не им кажал дека во морето пливаат риби?
Секоја туристичка агенција ги охрабрува своите клиенти да ја оценат услугата
Секоја туристичка агенција ги охрабрува своите клиенти да ја оценат услугата. Секако од пофалбите, многу поинтересни се критиките, бидејќи и кога одморот се чини совршен, сепак ќе се најде некоја забелешка.
Еве некои од најбизарните приговори:
Турист во еден резерват за животни во Африка, паднал во бара откако вниманието му го привлекла ерекцијата на некој слон. Тој се пожалил на агенцијата дека глетката му го уништила медениот месец, бидејќи се почувствувал “недоволен“.
Плажата е премногу песочна.
Гостин во хотелот Новотел во Австралија се пожалил дека супата била премногу густа и зачинета, поради што цело време “сркал и шлапкал“ на масата.
Сончање во топлес би требало да се забрани. Мојот годишен одмор е целосно уништен бидејќи маж ми цел одмор го помина гледајќи други жени.
Купивме очила за сонце Реј Бан за пет евра од продавач на улица, а подоцна сфативме дека се лажни!
Никој не ни кажа дека во морето пливаат риби. Децата беа преплашени.
Ни требаа цели девет часови од Јамајка да допатуваме во Англија, додека на Американците им требаа само три часови да стигнат дома!
Со мојот вереник резервиравме двокреветна соба, а добивме соба со брачен кревет. Сега вас ве сметам за виновни што сум бремена. Тоа сигурно немаше да се случи доколку добиевме соба каква што баравме.
Го споредив нашиот еднособен апартман со трособниот на пријателите и сфатив дека нашиот е многу помал?
Таму има премногу Шпанци. Рецепционерот говореше шпански. Храната беше шпанска, премногу странци (за одмор во Шпанија).
Песокот на плажата не беше како што го прикажувате во брошурата. Кај вас песокот е жолт, а всушност беше бел.
Моравме да стоиме во редови надвор, без клима уред.
Ваша должност, како организатор на патувањето е да не предупредите дека на патот ќе има прегласни и непристојни туристи.
Ме гризна комарец, никој не ни кажа дека тие гризат.
За време на одморот во Индија бев бесен кога сфатив дека скоро во секој ресторан служат кари, а јас воопшто не сакам зачинета храна.
Резервиравме излет во воден парк, но никој не ни кажа дека треба да носиме костуми за капење и пешкири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.