Забава
Ограбен два пати за половина час

Дека постојат денови кога едноставно е најдобро да не се излегува од дома се уверил едно 22 годишно момче, кој бил ограбен два пати за половина час
Дека постојат денови кога едноставно е најдобро да не се излегува од дома се уверил едно 22 годишно момче, кој бил ограбен два пати за половина час.
Во првиот грабеж го запреле шест луѓе кои барале да им даде цигари.
Кога им кажал дека нема да им даде ништо, го бутнале на земја, го претресле и му земале не само кутија цигари, туку и сите пари што ги имал.
Половина час подоцна, минувајќи по темна уличка на патот до куќа, го нападнале четворица барајќи му пари.
Кога откриле дека нема, му го земале рачниот часовник, вреден 50 долари.
“Ова не се случува често, а ако му е утеха имал многу среќа, бидејќи не бил повреден во двата напади, што пак, ретко се случува“, изјавил полицаецот кој ги истражува грабежите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шарлота ja наследи љубовта кон коњите од својата прабаба, за Божик сака пони

Принцезата Шарлота (4), ќерка на принцот Вилијам (37) и Кетрин (37), војвотката од Кембриџ, е голем љубител на коњи, страст што ја наследи од својата прабаба, кралицата Елизабета (93). Според близок пријател на славната кралска двојка, четиригодишната принцеза сака пони како божикен подарок.
Нејзината прабаба кога имала четири години добила шетландско пони наречено Пеги, но не ѝ било дозволено да го јава сè додека не наполнила шест години.
Принцот Вилијам не е сигурен дека ќе ѝ ја исполни божикната желба на својата ќерка бидејќи смета дека таа е премала за да има сопствено пони.
Нејзиниот постар брат, принцот Џорџ (6), е голем љубител на спортови, па наводно на родителите им побарал пинг-понг и нов тениски рекет.
„И Шарлота и Кетрин ќе добијат сетови за готвење затоа што сакаат да прават хаос во кујната“, вели пријателот.
Забава
Шарлиз Терон: Годинава ниту една жена режисер не е номинирана за „Златен глобус“

Само неколку часа по номинацијата за „Златен глобус“ за новиот филм Bombshell, актерката Шарлиз Терон говореше за тоа дека годинава не биле номинирани жени режисери.
Холивудското здружение на странски медиуми, кое всушност ги доделува „Златните глобуси“, досега има номинирано само пет филмски режисерки – Барбра Стрејсенд (Yentl), Џејн Кампион (The Piano), Софија Копола (Lost in Translation), Кетрин Бигелоу (Hurt Locker, Zero Dark Thirty) и Ава Дувернај (Selma), а Стрејсенд е единствената жена што освоила „Златен глобус“ за најдобра режија.
Иако многумина годинава ја сметаа за добра за жените режисери, Терон во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ открива дека навистина е тешко да не се види ниту една жена режисер номинирана оваа година.
„Мислам дека навистина е фрустрирачки имајќи предвид дека жените режисери само се обидуваат да го зголемат својот број“, додаде таа. Тие претставуваат 10 отсто од режисерите во индустријата и кога имате добра година, како што беше оваа со толку многу работа, тоа е неверојатно фрустрирачки“, додаде таа.
„Навистина е тешко и неправедно и токму поради тоа, не треба да ја прекинеме битката. Ние мора да правиме врева сè додека не нè чујат и не ги препознаат овие приказни“, рече Терон.
Таа зборува и за новиот филм Bombshell, кој се фокусира на жените во „Фокс њуз“ – Мегин Кели (Терон) и Гретчен Карлсон (Никол Кидман) – кои јавно проговорија против вознемирувањето на претседателот на „Фокс њуз’, Роџер Ејлс. Во филмот жртвите на омразениот медиумски могул го возвраќаат ударот.
Филмот во кој глуми Терон ја открива внатрешноста на најмоќната и контроверзна медиумска империја на сите времиња и истовремено е експлозивна приказна за жените што го срушија озлогласениот маж, кој, всушност, ја создал оваа империја.
И покрај тоа што приказната се фокусира на три силни жени, филмот е во режија на Џеј Роуч, а го напиша Чарлс Рандолф. Терон беше запрашана зошто го поддржала него, а во исто време се залага за повеќе можности за жените, на што таа одговори: „Фактот дека треба да има повеќе можности за жените не мора нужно да ја негира умешноста на мажите“.
Иако смета дека жените заслужуваат повеќе можности, таа не чувствува дека жените се единствените што може да пишуваат женски приказни, а мажите може да пишуваат само машки приказни.
Забава
Почина Мари Фредриксон, пејачката од групата „Роксет“

Пејчката на групата „Роксет“, Мари Фредриксон, почина на 61 година, потврди нејзиниот менаџер. Шведската музичка ѕвезда постигна глобален успех во 90-тите години со своите хитови, како што се The look и It must have been love.
Таа починала вчера по 17-годишната битка со ракот, се наведува во соопштението.
„Беше прекрасна пријателка изминативе 40 години. Работите никогаш нема да бидат исти“, порача нејзиниот пријател од бендот, Пер Гесл.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци