Контакт

Забава

Судија му наредил на папагал да се појави во судница

Објавено пред

Африканскиот сив папагал ќе мора да биде присутен во судницата на окружниот суд на Флорида и тоа по налог на судијата

Африканскиот сив папагал ќе мора да биде присутен во судницата на окружниот суд на Флорида и тоа по налог на судијата.

Џејмс Мартц, судија во округот Палм Бич, наредил папагалот вреден две илјади долари, да се појави на суд, за да може да се утврди кој е вистинскиот сопственик на оваа вредна птица.

Судската битка ја започнала Анџела Колишески (52), која тврди дека папагалот го купила пред 13 години и дека тој одлетал од нејзината куќа пред три години.

Папагалот по бегството се појавил во куќата на 47 годишната Саритa Лител, која тврди дека го пронашла африканскиот папагал во времето кога тој исчезнал од куќата на Анџела, но сеедно одбива да го врати своето сакано галениче.

Адвокатот на Анџела верува дека неговата клиентка ќе ја добие тужбата ако ја натера Лител да го донесе папагалот во судницата.

Птицата носи и прстен за идентификација, а сопствеништвото ќе го докажеме ако се утврди дека броевите на прстенот се исти, тврди адвокатот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Е!Њуз“ згаснува по 29 години во етерот

Објавено пред

Уште една жртва на Ковид-19. „Е!Њуз“ заминува во историјата.

Забавната информативна емисија, која започна во 1991 година, е откажана како одговор на економските последици на пандемијата на коронавирус, претставник на „Ен-Би-Си Јуниверзал“ потврди за „Си-Ен-Ен бизнис“ во е-маил.

Покрај тоа, седуммесечните презентирања на вести за славните Pop of the Morning и In the Room, серија интервјуа кои ги водеше Џејсон Кенеди со селебрити-личности, ќе заминат во историјата.

Повлекувањето на шоуто е дел од долгиот список на промени што се спроведуваат во „Ен-Би-Си Јуниверзал“, матичната компанија на „Е!њуз“. Минатиот вторник компанијата објави дека планира да го намали персоналот како одговор на економските потешкотии што ги носи пандемијата.

Иако шоуто повеќе нема да биде во етерот, „Дејли поп“ и „Најтли поп“ ќе бидат снимани и емитувани онлајн од Лос Анџелес. Веб-страницата на Е! како и профилите на социјални мрежи сè уште ќе бидат активни.

Прикажи повеќе...

Забава

Британски судија пресуди: Имињата на пријателите на Меган засега ќе останат во тајност

Објавено пред

Меган Маркл победи во судската битка да ги задржи во тајност имињата на пет нејзини пријатели, во првата фаза од правната постапка на војвотката од Сасекс против британски таблоид за нарушување на нејзината приватност со објавување на приватно и доверливо писмо до татко ѝ.

Меган, сопруга на внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари, го тужи „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Мејл он сандеј“, за статија во која се објавени делови од рачно напишано писмо кое таа му го испратила на нејзиниот оттуѓен татко Томас Маркл, во август 2018 година.

Во своја одбрана, весникот тврди дека го објавил писмото во февруари 2019 година, откако петмина пријатели на Меган дале анонимни интервјуа за американскиот магазин „Пипл “.

Војвотката тврди дека не ги овластила своите пријатели да зборуваат со „Пипл“ и дека „Мејл он сандеј“ сакал да ги именува за да го искористи правниот спор за комерцијални причини. Таа вели дека откривањето на нивниот идентитет претставува закана за нивната емоционална и ментална благосостојба.

Марк Верби, судија во лондонскиот Висок суд, во средата пресуди дека засега нивните имиња не можат да бидат објавени, но дека тоа може да се промени понатаму во текот на судскиот процес.

„Војвотката сметаше дека е неопходно да го преземе овој чекор во обид да ги заштити нејзините пријатели – како што би направил секој од нас – и на сите ни е драго што судијата донесе ваква одлука,“ изјави извор близок до Меган, говорејќи под услов на анонимност.

„Среќни сме што судијата се согласи да ги заштити овие пет лица“.

Меган и Хари сега живеат во Лос Анџелес со нивниот син Арчи откако се повлекоа од своите кралски должности на крајот на март.

Непријателските односи помеѓу кралската двојка и некои британски весници – кои принцот Хари ги обвини за наметливо, неточно и понекогаш расистичко известување како и „немилосрдна кампања“ против неговата сопруга –  беше една од причините поради кои парот ја напушти Велика Британија и замина во САД, коментираат странски медиуми.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Трновит пат до „Оскарите“ – Рене Зелвегер работела како келнерка и живеела на улица со продавачи на крек

Објавено пред

Холивудската sвезда Рене Зелвегер (51) од родниот Тексас се преселила во Лос Анџелес кон крајот на 1993 година, а за да преживее – работела како келнерка. Гледајќи ги другите, таа бргу сфатила каква личност не сака да биде.

„Работев во бар на улицата Вине, зад мобилната бензинска пумпа. Тоа беше неверојатна работа за девојка како мене, која секогаш живееше во релативно безбедно опкружување. На аголот се продаваше крек, па кога си одев дома доцна, не можев да излезам од автомобилот и да отидам во станот додека не заврши примопредавањето“, рече таа.

Првата забележителна улога Зелвегер ја имала во 1995 година во култниот филм „Тексашки масакр со моторна пила“, а една година подоцна, таа глумела самохрана мајка, која е заљубена во спортски агент во филмот „Џери Мегваер“.

„Благодарение на тој филм успеав да си ја платам киријата и повеќе не морав да работам како келнерка. Ми даде слобода“, објасни своевремено актерката. За комедијата „Сестра Бети“ таа освои „Златен глобус“ и ја воодушеви публиката со улогата на вдовица.

„Оскарот“ за најдобра споредна актерка во 2004 година го освои за улогата во филмот „Студена планина“, а статуетката ја доби и оваа година. На 92. доделување на „Оскарите“ наградата за најдобра актерка отиде кај неа за улогата на Џуди во истоимениот филм.

Гледачите, сепак, најмногу ја засакаа во филмовите за Бриџит Џонс, улога за која мораше да се здебели неколку килограми.

Поради лошата психичка состојба, во еден момент актерката едноставно избега од рефлекторите и камерите. Таа отсуствуваше шест години, период во кој се бараше самата себеси. Сега е една од најбараните актерки во Холивуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија8 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија8 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион11 час

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија12 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет12 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион15 часа

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија16 часа

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет16 часа

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија18 часа

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет18 часа

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет19 часа

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Свет19 часа

Макрон и ОН организираа конференција за собирање помош за Бејрут

Меѓународните лидери денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција,...

Свет19 часа

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Истражителите ја пронајдоа црната кутија од авионот кој во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во...

Свет1 ден

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет1 ден

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија1 ден

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет2 дена

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија2 дена

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Досие