Забава
Поради селективни абортуси – “вишок“32 милиони мажи
Поради селективните абортуси во Кина се родиле повеќе дури 32 милиони машки од женски деца, а последиците од таа нерамнотежа ќе се чувствуваат со
Поради селективните абортуси во Кина се родиле повеќе дури 32 милиони машки од женски деца, а последиците од таа нерамнотежа ќе се чувствуваат со десетлетија и на мажите во иднина ќе им наметне живот на самци или “борба“ за жени, предупредуваат научниците.
Во повеќето земји во светот природно се раѓаат повеќе машки деца отколку женски, во сразмер од 103 до 107, наспрема 100. Но, во Кина, како и во другите азиски земји опседнатоста со синови е традиција, а нерамнотежата излезе од контрола благодарение на ултразвучната дијагностика и евтините абортуси.
Кина се бори со дополнително отежнувачки околности – “политика на едно дете“, што со десетлетија се спроведува, иако не се применува подеднакво строго во сите региони.
Професорите Веи Ксинг Цу и Ли Лу од универзитетот Цејианг, како и Тереза Хескетс од универзитетот од Лондон, утврдиле дека само во 2005 година во Кина се родени 1,1 милион повеќе машки отколку женски деца.
Најголема нерамнотежа постои меѓу децата на возраст до четири години бидејќи во таа група се раѓале 124 момчиња, а во руралните подрачја и 126 момчиња на 100 девојчиња.
Кинеските родители, кои ќе одлучат да родат второ дете, ја губат финансиската помош, а во некои покраини, второ дете е дозволено само ако првото е женско.
Меѓу предложените решенија стручњаците наведуваат строга забрана на селективни абортуси, додека други бараат ублажување на политиката „едно дете“.
Во извештајот, научниците не се занимаваат со последиците од оваа нерамнотежа, но владата од 2000 година започна кампања “засилена грижа за девојчињата“.
Стручњаците пак, укажуваат на јужнокорејскиот модел, што Кина би требало да го следи.
Имено, во 1992 година во Јужна Кореа нерамнотежата во корист на машките деца била 229 момчиња на 100 девојчиња, поради што властите започнаа силна кампања на сензибилизација за важноста на женските деца. Како резултат, до 2004 година, нерамнотежата се намалила на 110 момчиња на 100 девојчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бесплатна тетоважа за Пленковиќ; сопственикот на салонот: Ме повикуваат од сите страни
За само еден ден на социјалните мрежи урнебесно се прошири најавата за тетовирање во Пожега. Тие напишаа дека нудат бесплатна тетоважа за Андреј Пленковиќ и покажаа како би изгледала.
Многумина можеби мислат дека ова е добра шега среде избори – но не е. Згора на тоа, сопственикот на салонот за „Индекс“ изјави дека многу луѓе веќе се јавиле за термин.
„Понудата е повеќе од сериозна, што е поткрепено со големиот одѕив на споменатата објава. Ме повикуваат од сите страни. Во мојата долгогодишна работа истетовирав многу личности, а сега решив да направам една тетоважа подарок, со оглед на тоа дека изборите се актуелни“, објасни сопственикот на првото и најстаро студио за тетовирање во Пожега.
View this post on Instagram
Сепак, признава, настанал проблем што повеќе луѓе се пријавиле за тетоважа – многу повеќе отколку што очекувал.
„Ќе треба да подготвам неколку верзии на тетоважата. На пример, лут Пленковиќ, среќен, загрижен Пленковиќ, Пленковиќ во разни пози, варијации во боја или црно-бело“, додал сопственикот, кој, изгледа, ќе има многу повеќе работа овие денови отколку што се надеваше.
„Постојано правам некоја игра со акција или подарок, но овој одговор ме изненади“, заклучил тој.
Забава
Бјелогрлиќ ги откри деталите од третата сезона на „Сенки над Балканот“
Третиот циклус од популарната серија „Сенки над Балканот“, која публиката долго време ја чекаше со големо нетрпение, е во фаза на пишување, а како што најави режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ, снимањето ќе почне кон крајот на летото.
Драган Бјелогрлиќ и неговиот тим соработници интензивно работат на сценариото за третата сезона на една од најпопуларните серии на нашите простори – „Сенки над Балканот“, а овој пат актерската екипа ќе ја комплетираат Нина Јанковиќ, Милан Мариќ и Милош Биковиќ во Јосип Броз Тито, пишува Nova.rs.
„Во моментот пишуваме. ‘Сенките’ се многу тежок проект за мене, но страшно инспиративен“, почна Бјелогрлиќ опишувајќи го процесот на создавање:
„Многу се плашам кога влегувам во процесот на пишување, а по процесот на снимање и сѐ друго толку ме обземаат ‘сенките’, што веќе не можам да правам ништо друго и да се занимавам со ништо. Веќе сум на возраст кога би сакал да живеам малку поопуштено, затоа и го одложив. Сепак, влеговме во процесот на пишување, ја напишавме целата приказна, првите две епизоди се завршени, сега ја пишуваме третата. Се надевам дека сѐ ќе биде готово до август и дека снимањето ќе почне во текот на август, дека ќе завршиме до Нова година и дека ќе се емитува напролет“.
Во серијата , покрај стандардните ликови, ќе бидат и Милан Мариќ, Нина Јанковиќ и Милош Биковиќ, а Драган Бјелогрлиќ го откина временскиот период што ќе се прикажува во третиот циклус од популарната серија.
„Имаме работа со периодот од 1939 година, приказната почнува кога Милан Стојадиновиќ распишува избори, тоа беа многу важни избори на кои победи, но не дојде на власт, го наследи принцот Павле. Тоа беше многу значајна година кога на сите им беше јасно дека доаѓа голема војна, дека светот нема да изгледа како порано и дека секој има свои планови. Можам да кажам дека една од најголемите мистерии се случува на панината ‘Ртањ“, ги откри деталите режисерот Драган Бјелогрлиќ и ја заинтригира публиката, која со нетрпение го очекува продолжението на популарната серија.
„Во Србија има многу мистицизам. Го избравме ‘Ртањ од друга причина, а ‘Ртањ е интересен поради легендите, по населението што живее таму и верува во секакви работи и затоа што таму имаше некои рудници“.
Дали овој трет циклус ќе ја заврши приказната останува да видиме. Но, едно е сигурно, а тоа е дека сите со нетрпение ја очекуваат новата и возбудлива приказна за своите омилени херои, кои ги толкуваат: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Наташа Нинковиќ, Небојша Дугалиќ, Ненад Јездиќ, Срѓан (Жика) Тодоровиќ, Горан Богдан, Јована Стоиљковиќ.
Забава
Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата
Светложолтата јакна обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња изложени во поранешната британска колонија пред аукцијата закажана за јуни.
Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена од четврток пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата секогаш кога се облекуваше и излегуваше, рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулиен“ со седиште во Калифорнија.
Познатата јакна од нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, а синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.
Изложени е и вечерната тоалета со свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветната тоалета на Кетрин Вокер, што Дијана ја носеше во 1991 година.
Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала на улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. „Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг“, вели Фунг.
Во 2023 година аукциската куќа „Џулиен“ продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милион долари.