Контакт

Забава

Интелигентните жени имаат подобар секс

Објавено пред

Убавината можеби ќе го привлече мажот, но мозокот е тој што ќе го задржи и ќе му пружи повеќе забава во спалната соба

Убавината можеби ќе го привлече мажот, но мозокот е тој што ќе го задржи и ќе му пружи повеќе забава во спалната соба. Емотивната интелигенција претставува клуч за уживањето, тврдат научниците.

Жените кои се способни да ги изразат своите чувства и да ги препознаат емоциите на партнерот и луѓето со кои се опкружени имаат подобар сексуален живот.

Стручниот тим на професорот Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон го испитал социјалниот и сексуалниот живот на повеќе од две илјади близначки, стари од 18 до 83 години.

Жените одговарале на прашањата за својот емотивен живот и можностите за постигнување оргазам. Исто така, исполнувале прашалник кој покажал во која мерка се способни да ги изразат своите чувства и емпатија и да го покажат задоволството.

Студијата открива дека оние кои се способни да управуваат со своите и со туѓите емоции имаат низок фактор на ризик од пореметувања во сексуалниот живот и два пати поголем број на оргазми.

“Истражувањето покажало дека емоционалната интелигенција дава предност во многу подрачја од животот, а посебно во креветот. Резултатите од анкетата ќе дадат голем придонес во развојот на когнитивната и бихевиористичката терапија насочена на подобрување на сексуалниот живот“; истакнува коавторот на студијата Спектор.

Неговиот соработник, психологот Андреа Бури додава дека постои врска меѓу квалитетот на сексуалниот однос, способноста за развивање на сексуалните фантазии и пренесувањето на своите желби на партнерот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Презентерката што ја исмеваше вродената мана на Хоакин Феникс се извини

Објавено пред

Презентерката Венди Вилијамс (55), една од најпопуларните радио и телевизиски ѕвезди во Америка, ги налути гледачите со своето однесување во своето ток-шоу The Wendy Williams Show, кое се емитува од 2008 година. Таа се исмевала со вродената мана на актерот Хоакин Феникс (45).

„Неговите продорни очи го прават привлечен, но во исто време тој изгледа многу чудно со таа лузна на горната усна. Како се вика тоа? Дали е тоа зајачка уста, расцеп на устата и непцето?“, праша Вилијамс. Притоа таа направила гримаса покажувајќи го тоа на себе.

Прв реагирал Адам Бигил (31), играч на американски фудбал, кој и самиот се родил со т.н. зајачка уста, а поради оваа вродена малформација морал да се оперира и неговиот мал син Бију.

„Нејзините постапки се грозни, неприфатливи и навредливи и јавно повикуваат на малтретирање“, напиша спортистот на „Твитер“, а набргу потоа и пејачката Шер (73) ја нападна Венди Вилијамс.

„Венди, засрами се! Која си ти воопшто? Треба да бидеш отпуштена“, рече Шер, која со години волонтира во Американското здружение за нега на деца со краниофацијални нарушувања.

Вилијамс на крајот се извини на „Твитер“ за суровите коментари што ги дала на сметка на Хоакин Феникс.

Таа исто така вети дека ќе донира пари за операции за да им помогне на семејствата што се борат со такви состојби.

Прикажи повеќе...

Забава

Шпанските острови ја ограничуваат продажбата на алкохол

Објавено пред

Балеарските Острови во Шпанија забранија среќни часови и понуди на неограничени пијалаци во некои од најпопуларните туристички места, во обид да се стави крај на т.н. „пијан туризам“.

Владата на островите – во кои спаѓаат Ибица и Мајорка – во петокот објави дека ги спроведува забраните за пет години во Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

„Ние ги запираме ‘среќните часови’ и алкохолoт без ограничувања во областите кои се најпогодени од (нецивилизирано) однесување“, се вели во извештајот, тврдејќи дека ова е првата европска туристичка дестинација што го сторила тоа.

Покрај тоа, како што се намалуваат понудите што ги охрабруваат туристите да консумираат огромно количество алкохол, владата исто така забранува таканаречени „забави на брод“, како и „скокање помеѓу балкони“ во хотелите.

 

Баровите и пабовите кои нема да успеат да ги исполнат наведените услови се соочуваат со казни до 60.000 евра и затворање за најмногу три години. Во меѓувреме, на продавниците повеќе нема да им биде дозволено да продаваат алкохол по 21:30 часот навечер.

Балеарските Острови се меѓу најпопуларните туристички дестинации во Шпанија, со 13,8 милиони посетители во 2018 година, од околу 9 милиони во 2009 година. Многумина се млади луѓе од други европски нации кои се собираат на забави на острови како Ибица и Мајорка.

Прикажи повеќе...

Наука

Европа ја лансираше „Ариана Пет“ во вселената

Објавено пред

Европската вселенска агенција од Куру, Француска Гвајана, во четвртокот ја лансираше ракетата „Ариана Пет“ во вселената. Ова е прво лансирање во вселената за 2020 година, а со „Ариана Пет“ се пренесуваат два телекомуникациски сателити, Конект и ГСАТ-30, во нивните планирани трансфер орбити.

Платформата „Спејсбас Нео“ е резултат на европска соработка со учество и придонес од 17 земји членки на Европската вселенска агенција, со повеќе од 90% од платформата составена во Европа. Досега единаесет сателити на „Неосат“ се веќе продадени, од кои седум се „Спејсбас Нео“. Проектот за партнерство ЕСА создаде исклучителен поврат на инвестициите во државите учеснички на програмата и нивните индустрии.

Сателитот „Конект“ изграден е од „Талес Аленија апејс“ за „Еутелсат“, неговиот комерцијален оператор и е првиот сателит од новата производна линија „Спејсбас Нео“, развиен во рамките на проект управуван од страна на  француската вселенска агенција и ЕСА. Сателитите се дизајнирани да траат до 15 години.

Летот ВА251 беше 107-та мисија на „Ариана Пет“.

„Трката околу вселената“ меѓу САД и Европа продолжува и понатаму. Имено, на 25 јули 2018 година беа лансирани последните четири сателити на системот „Галилео“. Овој проект е од исклучително значење бидејќи има поголема точност од сегашната верзија на американскиот ГПС-систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија20 минути

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Македонија43 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет52 минути

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт58 минути

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет1 час

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет14 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа16 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија18 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа20 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет22 часа

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион22 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ23 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет23 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија24 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија24 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион1 ден

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Досие