Контакт

Забава

Живеел со скршена нога 29 години

Објавено пред

Стив Веб (49) од Дагнхам, Велика Британија, открил дека скоро три десетлетија имал скршена нога

Стив Веб (49) од Дагнхам, Велика Британија, открил дека скоро три десетлетија имал скршена нога.

Веб ја скршил левата нога во сообраќајна несреќа пред 29 години, а дознал дека ногата се уште му е скршена откако неодамна бил на рентген снимање сакајќи да оперира прст на ногата.

“Имав проблеми со ногата по сообраќајната несреќа, но ми кажаа дека коската целосно зараснала и јас помислив дека така треба“, раскажува Стив.

Во болница по сообраќајната несреќа тој поминал два месеци, по што лекарите му кажале дека коската му зараснала и го пуштиле дома.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Карди Би позира за насловна на Вог

Објавено пред

Американската раперка Kарди Би позира со својата ќерка на насловната на Вог и вели дека „се молела и ангажирала свештеници“ да помогнат во обновата на нејзиниот брак со Офсет.

Таа ја возобнови љубовта со неверниот сопруг Офсет на почетокот на оваа година, откако во декември 2018 ја објави нивната разделба.

Карди Би во интервуто открива зошто решила да му даде уште една шанса на својот брак, и како таквата одлука наишла на многу омраза.

Во интервју за јануарското издание на Вог (2020), 27-годишната Карди објаснува дека не само што се молела, туку и дека во нивниот дом дошле свештеници за да ги научат како да простат и заборават.

Свештениците помогнале да го обнови бракот со сопругот Офсет откако ја изневерил.

Белкалис Марленис Алминзар, професионално позната како Карди Би, е американска раперка, текстописец, актерка и телевизиска личност. Родена е во Менхетен а израсната во Бронкс, Њујорк.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Мерил Стрип го сруши сопствениот рекорд со 34-та номинација за Златен глобус

Објавено пред

Мерил Стрип го продолжи својот рекорд во номинации на „Златен глобус“, освојувајќи ја 34-тата номинација за портретот на Мери Луис Рајт во втората сезона на Big Little Lies (Големи мали лаги) што се емитува на ХБО.

Стрип е номинирана заедно со Хелена Бонам Картер (The Crown), Патриша Аркет (The Act ), Емили Вотсон (Chernobyl) и Тони Колет (Unbelievable) за најдобра актерка во телевизиска серија, лимитирана серија или филм.

Стрип претходно го сруши сопствениот рекорд во 2018 година со нејзината 33-та номинација за The Post.

Трикратната добитничка на Оскар ја доби својата прва номинација за Златен глобус во 1979 година за the The Deer Hunter  (Ловец на елени) и продолжи да го освои својот прв трофеј Златен глобус следната година за најдобра споредна улога во филмот Kramer vs. Kramer (Крамер против Крамер).

Таа доби уште два златни глобуси за The French Lieutenant’s Woman (Жената на францускиот полковник) во 1982 година и Sophie’s Choice (Изборот на Софија) во 1983 година.

По 20-годишна пауза, таа заработи шест последователни номинации од 1995 до 2000 година за филмови, вклучувајќи One True Thing, The Bridges of Madison County, Marvin’s Room и The River Wild.

Big Little Lies е трета телевизиска номинација за Златен глобус до денес.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Мачор доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек

Објавено пред

Мачорот Џиво доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој се вработи во библиотеката на Филозофскиот факултет во Осијек и ќе ја добие својата плата во форма на сместување, храна и здравствено осигурување.

Во ноември 2017 година, Филозофскиот факултет во Осијек ширум ги отвори вратите за милениците, а неодамна и мачорот доби Џиво Гундулиќ доби работа во новоотворената библиотека, пренесува sib.hr.

На фејсбук страницата на библиотеката се објавени фотографии на нововработениот мачор, за кој се вели дека неговата работа е да пишува семинари со студентите, да брои книги, а за неговите услуги добива храна, стан, здравствено е осигуран, додека се уште не е синдикално организиран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева го почна сведочењето за случајот “Рекет”. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Македонија55 минути

Ана Камчева ќе сведочи во „Рекет“

Ана Камчева пристигна во Кривичниот суд каде ќе сведочи за случајот „Рекет“, откако во петокот сведочеше нејзиниот сопруг, бизнисменот Орце...

Свет1 час

Ардерн: Има прашања кои мора да бидат одговорени, размерите на трагедијава се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн истакна дека има прашања кои мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 час

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет1 час

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет3 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија14 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион17 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ18 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија18 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија22 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион23 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт23 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет24 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија1 ден

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет1 ден

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет1 ден

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет1 ден

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион2 дена

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Досие